Од вкупно 14 пунктови за тестирање за коронавирусот денеска се отвори само еден. Поради приватноста на пациентите, снимањето во поликлиниката „Јане Сандански“ во скопски Аеродром не беше дозволено. Во Сингелиќ ваков центар ќе се отвори утре, а во Чаир за 3 дена.
14-тте пунктови ќе работат од 8 до 14 часот, а брис ќе може да им е земе на околу 30 пациенти на ден. Термини се закажуваат преку матичните лекари кои ќе ги оценуваат симптомите на пациентите. Од сите 14 пунктови, три се во Скопје. Ова е нова метода за детектирање евентуален нов бран на пациенти. Телефонските линии се отворени за јавување кај епидемиолог. Властите велат дека зависно од итноста, лекарски екипи одат и во домашни посети кај пациенти кои имаат симптоми на ковид-19 и откако ќе стигнат резултатите, по потреба, пациентите со амбулантни возила ќе се транспортираат на Инфективната клиника.