• Latest

Ова австриско село сака фановите на „Снежното кралство“ да си заминат

January 21, 2020

Водата меѓу политиката и кризата – неопходна сеопфатна заштита на здравјето и квалитетот на водата

July 30, 2026
Илустрација ВИ

Во сенка на дневната политика, Изборниот законик остана отворено прашање

July 30, 2026

Прашањето на денот на ЦИВИЛ за изјавата на Мицкоски за економскиот раст останува исто и денеска – над 54.000 прегледи и повеќе од 5.000 ангажмани за 23 часа

July 30, 2026
Днипропетровск, Украина, 30 јули 2026 (фото извор: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Агресорот ја нападна Украина со 70 ракети и 280 дронови – загинати цивили меѓу кои и три деца

July 30, 2026

Зеленски во Вашингтон: Одбранбена автономија, нови санкции и разбивање на руските хибридни операции

July 29, 2026

Оленивка: Масакрот врз украинските заробеници, руските лаги и четири години борба за правда

July 28, 2026

Од „Нежната сингуларност“ до „веќе сме во неа“: Една година подоцна, Алтман ја надградува пораката, суштината останува иста

July 28, 2026
Сем Алтман, ТЕД, 2025 (фото извор: Википедија)

Нежната сингуларност

July 28, 2026

Демократијата се дави во дигиталниот шум

July 28, 2026
Чешма (фото извор: Викимедиа)

ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА ВО ГОСТИВАР: Водата безбедна само за миење, одговорност за над 4.000 затруени граѓани сè уште нема

July 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ова австриско село сака фановите на „Снежното кралство“ да си заминат

January 21, 2020 08:50
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тие пристигнуваат со автобуси или траекти, многумина од нив се во потрага по совршената фотографија за Инстаграм, други пак ја бараат трансценденцијата на земјата од бајките.

Секоја година, еден милион туристи го посетуваат Халштат гратче во Австрија, живописно селце од 16 век, инспирација за измисленото кралство Арендел од анимираниот блокбастер на Дизни, „Снежното кралство“ (Frozen).

Без разлика на тоа што првиот дел на „Снежното кралство“, кој излезе во 2013 година и неговото продолжение кое излезе во 2019 година, се инспирирани од зимскиот сјај на Норвешка, оддалечена од Австрија повеќе од 1.000 милји, или тоа што Дизни нуди зимски активности инспирирани од „Снежното кралство“ низ Норвешка, Халштат навистина изгледа како Кралството Арендел и поради тоа посетителите и натаму го посетуваат. Но 780-те луѓе кои живеат таму велат дека тоа мора да престане.

Во мај, Халштат ќе спроведе кампања која ќе се фокусира на квалитетот, не на квантитетот на туризмот. Туристичките автобуси кои имаат капацитет за 90 луѓе во најпрометните денови ќе бидат намалени на автобуси кои имаат 50 седишта и ќе мора да бидат регистрирани во Канцеларијата за туризам. На групите кои закажуваат средби во локалните ресторани, се пријавуваат за крстосувања со брод или ги посетуваат познатите рудници со сол во Халштат ќе им се даде предност.

Од посетителите исто така ќе биде побарано да останат во Халштат повеќе од два часа, вели Мишел Кнол, директорка на канцеларијата за туризам во Халштат.

Целта е да се натераат посетителите да потрошат време и пари во рестораните и продавниците во Халштат.

– Многу од посетителите доаѓаат во посета на многу кратко време, само да направат неколку слики. Бројот на туристи едноставно е преголем, вели Кнол.

Многу држави и градови се преполнуваат со туристи откако ќе излезе некој филм или серија.

Нов Зеланд изгради профитабилна туристичка индустрија базирана на франшизата „Господар на прстените“. Во 2018 година Одборот за туризам во Сингапур склучи договор со Ворнер Брос студиото кое го сними филмот „Луди богати Азијци“ за да ја претстават земјата како луксузна дестинација.

Сакате да ја посетите неплодната пустина каде што беше снимен „Луд Макс: Пат на бесот“? Орбитц има мапа со локации на брегот на Намибија. Што е со арапските пазари и старите ѕидини во Џејмс Бонд филмот „Спектра“? Обиц ги обележа и нивните локации во Тангиер исто така. Но, приливот на љубопитни патници доаѓа со предупредувачка нота.  Земајќи предвид што се случи со Заливот Маја на островот Ко Пи Пи Ле во Тајланд каде беше снимен филмот „Плажа“ во кој глумеше Леонардо Ди Каприо. Откако излезе филмот во 2000-та година дневен прилив на речиси 5.000 туристи и 200 бродови уништија 80 проценти од коралниот гребен. Како резултат на тоа плажата беше затворена и нема да се отвори до 2021 година за да се даде време на гребенот да се поправи.

Влијанието на Халштат беше помалку сериозно но подеднакво наметливо. Црквите морале да ангажираат обезбедување за да ги спречат туристите кои сакале да се сликаат да ги прекинуваа погребите и неделните црковни служби.

Гостите се предупредуваат да не употребуваат дронови или да влегуваат на селските имоти. Откако изби пожар во ноември, градоначалникот на Халштат. Александар Шеуц им навести на туристите да не го посетуваат Халштат за жителите да можат да ги реновираат градбите.

Шеуц неодамна изјави дека се надева на помал број туристи за една третина оваа година. Елизабет Бекер, автор на книгата „Пребукирани: Експлозивниот бизнис на патувањето и туризмот“ вели дека туристите треба да го менаџираат својот ентузијазам кога ќе видат егзотична локација во филмовите и сериите.

Дури и добрите луѓе почнуваат да се однесуваат како варвари, вели Бекер за преполните туристички места. – Зошто очекуваме да влеземе во нечиј живот и да ја доживееме нивната романтична авантура?

Ова е особено точно за заедниците кои се недоволно опремени да се справат со тоните ѓубре што туристите го носат со себе. Потоа тука е и порастот на употреба на водата, вели Бекер.

Особено е проблематично ако нема доволно хотели, тоалети и продавници да се справат со масата луѓе. Бекер истакна дека дури и етаблираните туристички дестинации како Дубровник, Хрватска, кој беше преплавен од туристи поради популарноста на серијата „Игра на тронови“ „трокирал“ кога пристигнале големи крстосувачки бродови.

Заедниците треба да ја препознаат точката на пресврт и да дознаат како ќе ја решат. И, исто така, треба да ја зголеми свеста за тоа како однесувањето може негативно да влијае врз нив, вели Селени Матус, извршен директор на Меѓународниот институт за студии за туризам на универзитетот Џорџ Вашингтон.

Халштат, светско културно наследство на УНЕСКО беше популарно и пред да излезе „Снежното кралство“ особено кај азиските туристи. Халштат беше реплицирано во кинеската провинција Гуангдон во 2012 година и стана омилена атракција во Кина.

Но важноста на Халштат се зголеми со анимираниот филм и неговото возвишување на Инстаграм.

Минатата година списанието Харпер Базар го именуваше Халштат за едно од 10-те градови во кои може да се направат најубави слики за на Инстаграм. Хаштагот Халштад има повеќе од 618.000 објави. Инстаграм профил посветен на селото. @hallstat_gram има повеќе од 16.000 следбеници со неговата ознака „Халштат е прекрасен“.

Секако дека Халштат е прекрасен, но исто така е и преоптоварен, вели Кнол.

Градоначалникот на Халштат е во контакт со неговите колеги од Салцбург. Градот кој стекна популарност откако мјузиклот „Звукот на музиката“ дебитираше во 1965 година. Локалната економија на Салцбург сега е делумно поттикната од љубителите на „Звукот на музиката“. Но исто како Халштат и Салцбург има проблеми со краткорочните посетители.

Халштат нема потреба од толку многу туристи, туку од туристи кои навистина уживаат во времето поминато тука, вели Кнол.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ