На панел дискусијата „Со аргументи и вистина против говорот на омраза“ која ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинарката Кристина Озимец, се осврна на социјалните мрежи и нивното влијание врз јавноста, поврзувајќи ги говорот на омраза и црната кампања со лажните вести, кои земаат сè поголем замав.
„Социјалните мрежи колку што може да бидат корисни и да отворат идеи за иновативни и нови пристапи во работата, особено кога станува збор за новинарството, истовремено можат да бидат страшна платформа за линч, клевети и закани. Тие се една палета на непроверени информации и клевети, коишто потоа создаваат атмосфера на линч“, вели Озимец.
Таа зборуваше и за сајбер булингот на социјалните мрежи, каде како особено ранлива категорија ги лоцира жените новинарки.
М. Ивановска
Камера: Ариан Мехмети
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска