• Latest

Палмер: Разочарани сме што Скопје и Тирана не ги почнаа преговорите, ЕУ мора да си ги исполни ветувањата

July 1, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Палмер: Разочарани сме што Скопје и Тирана не ги почнаа преговорите, ЕУ мора да си ги исполни ветувањата

July 1, 2021 11:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разочарани сме што прашањето за отворање на првите меѓу владини конференции за Северна Македонија и Албанија не беше решено и покрај силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на силните европски партнери, изјави денеска во Охрид заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Метју Палмер на панелот „На патот до подобро поврзан и интегриран регион – Кој е ризикот? Како да стигнеме таму?“, во рамки на првата Меѓународна конференција на Преспа форумот за дијалог.

Палмер подвлече дека тоа влијае и на вложувањата на САД и ЕУ во регионот, а придонесува и за зголемување на скептицизмот и во самиот регион.

– Нашите геополитички конкуренти агресивно се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба, истакна Палмер.

Палмер ја подвлече важноста на историскиот Договор од Преспа на Северна Македонија со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, за коишто посочи дека се примери за поголем регионален ангажман на С Македонија во корист на нејзините граѓаните.

-Владата на Северна Македонија е фокусирана на спроведување на потребните политички и економските реформи дома, за привлекување квалитетни инвестиции и за активна и продуктивна улога на регионалните и економски иницијативи. Владата е го искористи своето силно партнерство со Грција за да обезбеди сопствена енергетска безбедност и сега сме на прагот да направиме многу повеќе отколку досега, рече Палмер.

Тој се осврна за улогата на САД во регионот, истакнувајќи дека долгогодишна визија на САД во регионот била и ќе остане фокусирана на регион во мир со себе и со соседите, регионот којшто е стабилен, просперитетен и интегриран во евроатлантската рамка.

-Она што ми дава надеж е дека ова не е само визијата на САД за Западен Балкан, туку и речиси да не се разликува со она што го сакаат и нашите европски сојузници и партнери. Сепак, уште поважно е што ова е исто така визија што е силно изразена и од самите земји на Западен Балкан. Оваа заедничка визија е наша колективна сила и треба да послужи како наш водич додека ги удвојуваме напорите за приближување на Западен Балкан кон Европската Унија, рече Палмер.

Тој додаде дека не смее да се заборави или да се ризикува оваа цел и да не се успее во заедничкиот напор да се комплетира цела Европа, како дел од силното трансатлантско семејство.

-Сепак, и покрај нашата заедничка визија колку што можат да бидат важни нашите индивидуални улоги, треба да се предизвикаме себеси да го направиме Западен Балкан многу повеќе како двигател, отколку како предмет на трансатлантска соработка, како таму да имаме подобра поврзаност со оглед на познатите блокади на патиштата, рече Палмер.

Посочи дека лидерите во регионот мора да ја преземат цврстата способност за нивната европска иднина и оти САД веруваат дека напорите за регионот кон воспоставување на заеднички регионален пазар се нормални чекори на патот кон членството во ЕУ, додавајќи дека регионалната соработка и економска интеграција се од витално значење меѓу државите.

Осврнувајќи се на економските реформи, тој посочи дека регионот мора да го реформира енергетскиот сектор, што ќе донесе не само економски придобивки туку ќе ја зајакне и регионалната економска безбедност, со оглед на тоа дека  регионот губи значителен број висококвалификувани работници.

-Покрај економијата граѓаните од регионот се најмногу загрижени за корупцијата. Спротивставувањето на корупцијата е основа за зачувување и зајакнување на демократијата. Кога политичките лидери крадат од граѓаните на нивната земја, и го нарушуваат владеењето на правото и независното судство, економскиот раст се забавува, нееднаквоста се шири, како и правичниот пристап до услугите. Според тоа, реформите не треба да бидат дизајнирани само за заживување на економијата по Ковид. Исто така мора да бидат во насока на зајакнување на демократските институции за да ги направат понезависни и потранспарентни, порача Палмер.

Тој ја повтори неодамнешната изјава на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, заклучувајќи дека ЕУ мора да застане зад своите обврски кон регионот.

-Ова вклучува унапредување на пристапниот развој на Северна Македонија и Албанија и овозможување визна либерализација на Косово, заклучи заменик-помошникот државен секретар на САД за европски прашања Палмер.

Меѓународната конференција „Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна” се одржува денеска и утре во Охрид и Отешево со учество на околу 300 учесници, високи домашни претставници, но и високи претставници на Европа и САД, меѓу кои премиери, претседатели, министри, генерални секретари на меѓународни организации, европратеници, претставници на граѓанскиот сектор. За настанот се акредитирани над 100 домашни и странски новинари.

Учесниците на Конференцијата ќе се осврнат и на трансатлантските врски, кои ќе бидат тема на дискусија и обработка на панелот на високо ниво на вториот ден од Конференцијата, каде ќе се разговара за враќањето на синергијата меѓу ЕУ и САД во однос на Западниот Балкан.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ