• Latest

Пандов: Не може една институција да ја уништи системската корупција

September 23, 2025
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Пандов: Не може една институција да ја уништи системската корупција

September 23, 2025 13:53
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека оваа година е намалена системската корупција во голема мера, дали е уништена – не, но верувам дека од година во година бројките и оние скалила кои што нè мерат, верувам дека Македонија само ќе напредува, рече в.д. директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов во одговор на новинарско прашање поврзано со системската корупција во затворите ширум земјава.

По денешната Меѓународна научна конференција во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, Пандов посочи дека откако е на чело на Управата за извршување санкции имал бројни средби со обвинители и судии и дека точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, нагласи, дека од нив огромен процент ја сакаат работата и не сакаат државата да е на ова ниво со корупција.

– Од она што го видов овие година дена во затворите можам да кажам дека буквално имало системска корупција … Овие година дена имав можност да се сретнам со голем број обвинители и судии и точно е дека таму постои корупција, меѓутоа, точно е и дека таму постои огромен процент на луѓе кои ја сакаат работата и не сакаат да сме на ова ниво со корупција. Не може една институција да ја уништи системската корупција, рече Пандов.

Вели во одредени затвори бројките на затвореници кои имаат мобилни телефони се поразителни, односно како што рече „нема телефон само оној којшто не сака да има телефон“.

– Во одредени затвори бројките се поразителни за мене, за тоа колку мобилни телефони имаат затворениците. Јас од позиција на в.д. директор на Управата за извршување санкции можам да правам контроли, меѓутоа борбата против корупцијата во самите затвори е на директорите на затворите и на затворската управа. Можам да посочам одреден број затвори каде што со кого сакате да викнеме да ги направат претресите јас ве уверувам дека нема да најдеме ниту еден или еден-два телефони и точно е дека во одредени затвори нема телефон само оној којшто не сака да има телефон, рече Пандов.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ