ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Европските вредности кај младите“, на 20 април (среда), во 13 часот во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На панелот ќе се отворат прашања за младите и европските вредности, еднаквата основа за развој во различни сфери и аспекти, како што е застапувањето, образованието, вработувањата и слично. Исто така ќе се разговара и за новите трендови и приоритети во младинските политики, актуелните потреби на младите и нивно вклучување во процесите на креирање политики, како и наодите од имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики. Со еднаквата основа за развој се почитуваат и човековите права и слободи, и се негува мултикултурализмот во нашето општество.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и Јутjуб каналот на ЦИВИЛ, а содржините од панелот ќе бидат објавени на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа.
Панелот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.