• Latest

Париски договор за климата: САД ги известува ОН за своето повлекување

November 6, 2019
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Париски договор за климата: САД ги известува ОН за своето повлекување

Одлуката за повлекување – донесена од претседателот Доналд Трамп – доведе до тоа САД да бидат единствената земја која не е потписничка, а притоа предизвика  големи напори од страна на Европската Унија со цел да се задржи поентата на овој договор во целост.

November 6, 2019 09:42
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД го започна процесот на напуштање на Парискиот договор, известувајќи ги ОН за својата намера, која што предизвика разочарување кај останатите потписнички на овој договор.

Со известувањето почнува едногодишен процес на напуштање на договорот за глобални климатски промени, кој ќе финишира еден ден после изборите во САД во 2020 година.

Овој договор успеа да обдини 188 земји во борбата против климатските промени.

Франција и Јапонија ја предводат меѓународната осуда на овој потег.

Овој договор ги обврза САД и останатите 187 држави да го задржат растот на глобалните температури под 2 Целзиусови степени од прединдустриски нивоа, но и да се обидат да ги ограничат дури и малку повеќе,  на раст од само 1.5 степен.

Одлуката за повлекување – донесена од претседателот Доналд Трамп – доведе до тоа САД да бидат единствената земја која не е потписничка, а притоа предизвика  големи напори од страна на Европската Унија со цел да се задржи поентата на овој договор во целост.

И покрај тоа, стотици локални влади, бизниси како и организации во САД, се приклучија на “We Are Still In” (Сè уште сме за) движењето, ветувајќи дека ќе ги намалат емисиите и ќе започнат со користење на обновлива енергија.

Претставникот за климатски промени на Обединетите Нации и претприемачот од САД Мајкл Блумберг во статија поставена на официјалниот вебсајт на “We Are Still In” движењето, изјави дека работат на тоа да се надмине финансискиот јаз, кој е последица од повлекувањето на администрацијата на Трамп, а кое е објаснето како “напуштање на лидерската позиција”.

Зошто ова се случува сега?

САД објави свое официјално известување во првиот момент во кој беше можно.

Трамп се повлече од договорот во 2015 година, кое што беше и едно од неговите предизборни ветувања, но според правилата на Обединетите Нации, процесот на повлекување на САД не беше можно да почне пред 4 ноември 2019 година.

Повлекувањето е се уште предмет на исходот од наредните претседателски избори во САД – доколку Трамп изгуби, победникот можеби ќе ја промени одлуката.

Но научниците и еколозите стравуваат од ефектот кој би можела администрацијата на Трамп во меѓувреме да го има врз заштитата на климата.

Во извештајот објавен во декември 2018 година од страна на Институтот за меѓународни и европски работи, се потенцира дека одлуката на претседателот Трамп да се повлече, успеа да предизвика “огромна штета” на Парискиот договор, создавајќи “морално и политичко покритие за останатите земји.”

Во извештајот е наведен примерот со Русија и Турција, кои одбија да го испочитуваат договорот и покрај тоа што претходно го потпишаа.

Каква е реакцијата?

Одлуката на САД – една од најголемите емитери на стакленички гасови – предизвика осудување од страна на еколозите како и огромно разочарување кај останатите светски лидери.

Официјален претставник на канцеларијата на претседателот на Франција изјави: Жалиме за ова, ова го прави партнеството помеѓу Франција и Кина во врска со климата и биодиверзитетот уште понеопходно.”

Францускиот претседател Емануел Макрон и кинескиот претседател Си Џинпинг треба да се состанат денеска во Пекинг, каде што се очекува да ја потпишат изјавата во врска со “неповратноста на Парискиот договор”.

Во меѓувреме, јапонскиот владин портпарол Јошихиде Суга, согласувајќи се со размислувањето на останатите земји, ја нарече одлуката на САД „разочарувачка”.

– Би сакале да започнеме да се справуваме со климатските промени поактивно, изнаоѓајќи начин тоа да го направиме заедно со САД,  изјави тој.

Во меѓувреме, политичари и еколози од Демократската партија ја осудуваат одлуката на САД.

Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом,  ја нарече одлуката на Трамп „катастрофална одлука, која влијае врз иднината на нашите деца”, додека поранешниот потпретседател и климатски активист Ал Гор е разочаран од оние кои „би ја жртвувале планетата поради својата алчност”.

– Се работи за најмрачниот момент во американската дипломатија во многу, многу долг период и огромно уништување на сите глобални напори” изјави Бил МекКибен, лидер на климатската кампања 350.орг.

Сепак, оваа одлука беше поддржана од страна на републиканскиот конгресмен Гери Палмер, кој на Твитер објави: Редно време беше САД да се повлече од тој претерано регулативен и опресивен договор, кој всушност не се ни однесува на климатските промени”.

Зошто САД сака да се повлече?

Државниот секретар на САД – Мајк Помпео во понеделникот изјави дека договорот предизвикал “неочекуван економски товар” за САД.

Во изјава за Фокс њуз, тој рече дека Амeрика „страда” и дека работните позиции во Америка би исчезнале поради овој договор.

Наместо тоа, тој изјави дека САД би се приклучила на “реален и прагматичен режим”, користејќи ги “сите енергетски извори и технологии ефективно и ефикасно”.

Трамп вети дека ќе ја претвори САД во најголемата енергетска сила, и дека ќе избрише дел од законите поврзани со загадувањето со цел да ги намали трошоците за производство на гас, нафта и јаглен. Тој ги објаснува плановите на претходниот претседател на САД – Барак Обама, во врска со одржување на животната средина, како војна против изворот на енергија во Америка.

Објавувајќи ја својата одлука за повлекување, минатата година, Трамп изјави: Бев избран да ги претставувам граѓаните на Питсбург, а не на Париз. Ветив дека ќе се откажам или ќе го променам секој договор кој нема да успее да ги задоволи интересите на Американците.”

Некои извештаи пак, сугерираат дека администрацијата на Трамп не вклучила никаков напор во тоа да го промени Парискиот договор, туку чекала до првиот ден кога се појавила можност и се повлекла од договорот.

САД придонесува со околу 15 отсто од глобалното ниво на јаглерод, но е и еден од најбитните извори на финансии и технологија за земјите во развој да можат да се изборат со растечките температури.

Климатските промени или глобалното затоплување, се однесуваат на штетниот ефект кој го имаат гасовите, односно емисиите гасови испуштени од индустријата и агрикултурата во атмосферата. Парискиот договор е наменет да го лимитира глобалното зголемување на температурите.

Земјите се согласија на следново :

– Растот на глобалните температури да се одржува на помалку од 2 степени над предиднустриското ниво, но и да „настојуваат да ја ограничат” ако е можно и до 1.5 степен Целзиусов.

– Да се лимитира количината на стакленичките гасови предизвикани од страна на луѓето, до нивото во кое дрвјата, почвата и океаните можат природно да ги апсорбираат, почнувајќи од некој момент помеѓу 2050 и 2100 година.

–  Да се обрне внимание на придонесот на секоја земја во намалувањето на нивоата на гасови на секои пет години.

–  Да се овозможи богатите земји да им помогнат на посиромашните преку обезбедување на „климатски финансии” со цел да се адаптираат на климатските промени и да започнат со користење на обновлива енергија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ