• Latest
Фото: МИА

Парлементарни избори во Холандија: Политичка неизвесност по крајот на ерата на Марк Руте

November 22, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Парлементарни избори во Холандија: Политичка неизвесност по крајот на ерата на Марк Руте

November 22, 2023 12:37
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

По четири последователни мандати на Марк Руте, Холандија денеска се упати на предвремени парламентарни избори, кои би можеле да отворат нова страница на домашната политичка сцена. Во услови на фрагментација и политичка нестабилност, се очекува во новиот состав на холандскиот Парламент пратенички места да обезбедат 15 или 16 партии што значи дека Холандија речиси извесно ќе биде предводена од комплексна коалиција на различни политички актери.

Според анкетите, најмногу гласови се очекува да освои конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте, со која сега раководи Дилан Јешилѓоз-Зегериус.

Јешилѓоз-Зегериус e натурализирана Холанѓанка, родена во Анкара, од мајка Турчинка и татко Курд, која е релативно ново лице на холандската политичка сцена. Актуелната министерка за правда и безбедност, Јешилѓоз-Зегериус, која е која во една прилика беше наречена „питбул со високи потпетици“, со своето семејство емигрирала од Турција во Холандија на седумгодишна возраст. И покрај имигрантската позадина, Јешилѓоз-Зегериус се залага за „поцврста контрола на имиграцијата„.

Јешилѓоз-Зегериус не ја исклучува можноста за коалицирање со крајно-десничарската Партија за слобода на Геерт Вилдерс (за разлика од нејзиниот претходник Марк Руте) , но ја исклучува можноста да поддржи премиер номиниран од крајната десница.

Зегериус би била прва жена премиер на Кралството Холандија.

Освен Јешилѓоз-Зегериус, поранешниот член на Народната партија за слобода и демократија, Питер Омтцигт е нов лидер на холандската политичка сцена. По напуштањето на партијата на Марк Руте, Омтцигт го формираше десно-центристичкиот блок “Нов социјален договор„. Омтцигт се спротивставува на дополнителна централизација на Европската Унија и повиквуа на формирање на коалиција на партиите десно од центарот, но остро се спротивставува на вклучување на Геерт Вилдерс во наредната холандска влада. Иако шансите за влада предводена од Омтцигт се мали, се очекува дека „Нов социјален договор„ ќе биде клучен играч во формирање на владеачката коалиција.

Уште еден влијателен фактор на холандската политичка сцена е Геерт Вилдерс, кoj веќе дваесет години е претседател на десничарската “Партија за слобода”. Вилдерс повикува на напуштање на Европската Унија (Негзит) и е препознатлив по неговите исламофобични ставови за забрана на имиграцијата, Куранот и дополнителни изградби на џамии. Според последните анкети, Вилдерс е речиси изедначен со Јешилѓоз-Зегериус по процентот на гласови и бројот на пратеници, но нема речиси никаков коалиционен капацитет поради радикалните политички ставови.

На предвремените избори, холандската левица настапува преку коалиција на Лабуристичката партија и Зелената левица предводена од високиот европски функционер Франс Тимерманс. Како поранешен потпретседател на Европската Комисија, Тимерманс важи за најголемиот “климатски шампион„ во Европската Унија. Неговата агенда во голема мера се базира на борба против климатските промени и растечката економска нееднаквост, што го прави Тимерманс фаворит на гласачите од 18 до 35 години. Тимерманс истакнува дека е отворен за соработка со партиите предводени од Омтцигт и Јешилѓоз-Зегериус.

Анкетите предвидуваат дека резултатот на изборите ќе биде исклучително тесен, односно дека Јешилѓоз-Зегериус, Вилдерс и Тимерманс ќе освојат помеѓу 25 и 27 мандати, а се предвидува и добар резултат за Питер Омтцигт со 21 пратенички мандат. Холандскиот парламент има вкупно 150 пратенички места.

Сепак, било какво предвидување на резултат би било излишно, доколку се земе во предвид резултатот од неодамнешната анкета на I&O институтот во која  63% од испитаниците одговориле дека сеуште не знаат за кого ќе го дадат својот глас. 

Марко Гилевски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „избори“Герт ВилдерсЈешилѓоз-ЗегериусФранс ТимермансХоландија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ