• Latest
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Партиите се подготвуваат за локални избори во сенка на трагедијата во Кочани и на глобалните промени

April 17, 2025
Скриншот од видео на Инфомакс

„Заканите почнаа да се реализираат“: Насилен упад во студиото на Инфомакс среде подкастот „Тешки муабети“

December 11, 2025

Скопјани чекаат нови автобуси – Ѓорѓиевски ветува: „Догодина ќе стигнат, сигурно!

December 11, 2025
Скриншот од видо на Јутjуб каналот на OSCE

Претседавачката на ОБСЕ го повика Советот за безбедност на ООН да ја поддржи Украина во постигнувањето праведен мир

December 10, 2025

(ВИДЕО) Молкот пред неправдата е соучесништво – порака на ЦИВИЛ на Денот на човековите права

December 10, 2025
фото: ВИ

Пратениците го изгласаа буџетот за 2026 година – тежи 6,7 милијарди евра

December 10, 2025
Оливер Спасовски

Kривична пријава против ексминистерот за внатрешни Спасовски за злоупотреба на 91.000 евра

December 10, 2025
epa09744713 Estonian Prime Minister Kaja Kallas attends a joint press conference between German Chancellor Scholz and the leaders of the three Baltic states, ahead of consultations on the Ukraine crisis, at the Chancellery in Berlin, Germany, 10 February 2022. The German Chancellor received the Lithuanian President and the Estonian and Latvian Prime Ministers.  EPA-EFE/CHRISTOPHE GATEAU / POOL

Човековите права им припаѓаат на сите, насекаде, порача Калас по повод Денот на човековите права

December 10, 2025
Европски суд за човеови права. Фото: Скриншот од видео на TL news

Состанок во Советот на Европа за промени во правилата за справувањето со нелегалната миграција 

December 10, 2025

Жерновски: „Не сакам моите деца да живеат небезбедно со мигранти“ – Мицкоски демантира: „Нема да има ни шатор, ни мигрант“!

December 10, 2025
Христијан Мицкоски и вицепремиерот Изет Меџити на свечениот прием по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Фото: Влада на Република Северна Македонија/ Фејсбук

Спротивно на ставот на Мицкоски, Меџити задно со Ахмети и Таравари дава поддршка на протестот за поранешните лидери на ОВК

December 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Партиите се подготвуваат за локални избори во сенка на трагедијата во Кочани и на глобалните промени

April 17, 2025 09:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Избори 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за локалните избори во октомври 2025 паднаа во сенка на трагедијата во Кочани и на вестите за глобалните светски промени. Засега, април полека, но сигурно станува месец на политички турбуленции и промени во политичките кампуси во земјава.

Македонскиот политички блок ги интензивира активностите за локалните избори, вклучувајќи ги тука и внимателно избраните медиумски објави за тоа кој што направил или не направил, додека кај албанскиот кампус има политички турбуленции.

И владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и опозициските СДСМ и Левица, но и помалите партии, прават анализи во своите редови за да ги дефинираат можните кандидати за градоначалници и за советничките листи.

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ имаат и работни групи кои меѓусебно разговараа за поддршка на локалните избори, но засега нема информации колку градоначалнички места би земала ЗНАМ, но според изјавите на нивни официјални претставници, партијата сериозно типува на Куманово. Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека сериозен број од нивните актуелни градоначалници би можеле да се кандидираат за втор мандат, но од обете партии наведуваат дека сепак крајниот збор ќе го имаат органите на партиите. Во однос на советничките листи, и ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе имаат свои советнички листи. Очекувањата се дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има советнички листи во сите општини, додека од ЗНАМ велат дека тоа ќе биде само онаму каде што тие имаат свои општински организации.

За локалните избори во октомври се подготвуваат и опозициските СДСМ и Левица. СДСМ веќе го реизбра Венко Филипче за лидер на партијата и ги консолидира редовите. Нивните партиски претставници се на терен меѓу членството и се прават анализи.

Од Левица најавуваат самостоен настап, кандидати за градоначалници во поголемите градови, но очекуваат и подобар резултат од минатите парламентарни и локални избори.

После неколку изјави на лидерите од коалицијата Вреди очигледни се несогласувањата во коалицијата. Лидерите на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Биљал Касами и на Алтернатива Зеќирија Ибрахими придружени од министри, пратеници и други функционери на партиите од коалицијата Вреди вчера одржаа состанок на кој известија дека заеднички ќе настапат на локалните избори, додека за одлуката да одат со самостојни советнички листи на Алијансата на Албанците и на Арбен Таравари, кој е истовремено и министер за здравство, беше посочено дека е за поделба на коалицијата и во корист на ДУИ. Меџити на прес-конференција рече дека Таравари се самоисклучил од Вреди и дека за неколку дена ќе соопштат дали ќе бараат и негово разрешување од министерската функција.

ДУИ, пак, се обидува да се консолидира по апсењето на некои нејзини членови и обвинувања за корупција.

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ разговараат за можни заеднички кандидати за градоначалници 

Членот на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група Никола Мицевски во изјава за МИА вели дека подготовката на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори е отпочната неколку месеци наназад.

– Извршниот одбор донесе одлука на која се отпочна постапка на селекција и на кандидирање на кандидати од општинските комитетите за можни потенцијални кандидати за градоначалници. По завршувањето на таа селекција, во тек се и направени се во најголем дел од општините и испитување на јавното мислење на граѓаните за можните кандидати за градоначалници, како и внатрепартиските анкети за она што ќе го каже членството по одредени индивидуи кои би можеле да бидат кандидати за градоначалници, вели Мицевски.

Во меѓувреме членовите на партијата активно работат на терен меѓу граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ, вели Мицевски, отпочна одредени обуки кои се одржуваат во рамки на подготвките за локалните избори и како да се стигне до добар односно до победнички резултат на тие избори.

Викендов, се одржува политичка академија за градоначалниците во Крушево, а минатиот викенд работилница во Демир Капија за ИЕ 3.

– Се на се, активно се подготвуваме за она што следува за наредниот период. Јавното мислење и анкетите кои ќе дојдат од граѓаните како и од членството ќе ги дадат можните кандидати за градоначалници во идниот период. Секако тука можност за реакција има самиот претседател и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира тој.

Мицевски вели дека негово лично мислење е дека еден сериозен дел од актуелните градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ можат да ја повторат кандидатурата.

– Очекуваме дека ќе има и нови кандидати за градоначалници. Секако а по завршувањето и меѓу коалиционите разговори ќе имаме и подобра слика за она што значи каде ние како ВМРО-ДПМНЕ би настапиле со кандидати за градоначалници, каде би поддржале одредени коалициони партнери. Истото се однесува и за советничките листи, вели Мицевски.

Како за сите општини во Македонија, така и за градот Скопје се уште траат испитувањето на јавното мислење и анализите на ВМРО ДПМНЕ за она што би требало да значи кандидат за градоначалник.

– Имаме потенцијални кандидати коишто изразија желба и имаат квалитет да ја завршат целата работа, меѓутоа да почекаме на крајот на завршувањето на сите овие постапки коишто се случуваат внатре во ВМРО ДПМНЕ, да се искристализира целата работа, и да излеземе со кандидат за градоначалник којшто сигурно би бил идниот градоначалник на град Скопје, посочува Мицевски.

За следните локални избори интензивно се подготвува и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, која е дел од актуелната владина коалиција. Тие, како што за МИА вели портпаролот и висок функционер на партијата Никола Мемов, се во фаза на зголемување на активностите околу формирањето на партиската инфраструктура. Досега партијата има формирано преку 50 општински организации, и интензивно се работи на структурата на внатрепартиската инфраструктура, во делот на месни организации.

Во февруари и март тие имале посети и средби во општинските организации на територијата на град Скопје, а во периодот од 15 април до 15 мај, ќе има посети на сите општински организации на ЗНАМ низ целата територија на државата.

– На тие состаноци се прават разговори со членството, но и со граѓаните околу согледување на процесите, и на состојбите во самите општини, и внатре во партијата, вели Мемов.

Партијата, продолжува тој, интензивно работи на аналитички податоци и на собирање на сериозни информации од работењето на досегашните градоначалници во општините низ државата и согласно на тие информации, ќе излезе пред органите и телата на партијата, со констатации околу фактичката состојба на општините. Потоа, додава Мемов, ќе видиме во кои општини ќе имаат соодветни кадри кои ќе бидат квалитетни, ќе имаат визија и план за надминување на сите локални проблеми.

– Нашите размислувања во тој поглед одат дека на следните локални избори, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, треба да излезе со сопствени советнички листи, меѓутоа конечниот суд нели ќе го даде и оценка за таа одлука органите и телата на партијата. За кандидати за градоначалници, раководството размислува за поддршка на кандидати за градоначалници заедно со ВМРО ДПМНЕ. Во кои општини ќе биде поддршката, исто така ќе покажат овие анализи коишто се предмет на расправа, посочува Мемов.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, нагласува портпаролот, за овие локални избори разговара и преговара исклучиво со ВМРО ДПМНЕ.

– Има формирано работни тимови коишто разговараат и тие преговори односно разговори се во фаза. Ќе одлучиме во кои градови ќе имаме кандидати за градоначалници од различните партии за взаемна поддршка, рече Мемов.

Што се однесува до ЗНАМ, тие претендираат на неколку градови каде што би имале нивни кандидати за градоначалници на територијата на цела Македонија, вклучително, како што вели, нивниот центар на организирање кој почнува во Куманово.

– И логично е да се очекува дека ЗНАМ би требало да има кандидат за градоначалник и во Општина Куманово, имајќи го во предвид дека изминатите осум години локалната власт е во рацете на градоначалникот и претседател на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, и таму имаме видливи резултати. Во однос на другите градови, анализите ќе покажат каде имаме ние соодветен потенцијал, да понудиме соодветни кадри за градоначалник, рече Мемов.

За градот Скопје со сигурност Движењето ЗНАМ ќе има кандидатска листа за советници.

Разговорите со ВМРО-ДПМНЕ, според него, се очекува да завршат некаде до крајот на мај, за потоа да има можност органите и телата на сите политички партии, да ја завршат внатрепартиската процедура, околу кандидирање, околу изнаоѓање практично на соодветни квалитетни кадри коишто ќе се занимават со локалната самоуправа.

На локалните избори Левица очекува значително подобар резултат, СДСМ најавува сериозна програма за Градот Скопје

– Со оглед на тоа дека во изминатите 11 месеци Левица се постави како најактивна опозиција во Собранието, следствено на тоа очекуваме дека и на локалните избори ќе постигнеме значително подобри резултат од претходните локални избори, а и со тоа од претходните парламентарни избори, изјави за МИА портпаролот на партијата и пратеник Амер Мециновиќ.

Левица, како што вели тој, на локалните избори ќе се засили тенденцијата тие да ја заменат СДСМ како доминантна сила во левиот политички блок во земјата.

– Што значи тоа? Тоа значи дека очекуваме дека во урбаните средини ќе имаме извонредни резултати, малку подобри, отколку во руралните средини, затоа што тоа е така природно би рекол, за консталацијата на гласачкото тело. И со тоа можам да кажам дека во неколку општини во Скопје очекуваме дека ќе бидеме во вториот круг и дека на самото ниво на градот Скопје, затоа што сметаме дека ќе имаме добри кандидати, како за градоначалник на град Скопје, така и за скопските општини, вели Мециновиќ.

Смета дека Левица ќе биде во добра трка за да влезе во вториот круг и на ниво на град Скопје затоа што во изминатите години нивната советничка група експлицитно посочувала кон сите катастрофи кон кои се движел градот Скопје, почнувајќи од јавниот превоз се до управувањето со градот и „растроеноста помеѓу политичката волја на градоначалничката и на Советот“.

– Сметам дека скопската јавност навистина ќе процени дека конечно е дојдено време јавниот интерес да се стави пред приватниот интерес, а во поглед на таа понуда Левица ја дава најконкретната понуда за јавен интерес. На нашите граѓани, во локалните единици, им е конечно потребно нова платформа, нови луѓе, кои не се дел од криминалните шеми кои ги одливаат парите на граѓаните, и ја уништуваат благосостојбата на нашите градови, вели Мециновиќ.

Според него, Левица ќе има советнички листи речиси на целата територија на државата, затоа што тие во текот на годините посветиле внимание на развивање на инфраструктурата која ќе ја покрие цела држава, а тоа значи отворање на канцеларии, локални ограноци, активирање на локалното население во склоп на нашата политичка структура. За градоначалници од нивна перспектива е рано да зборуваат, но тој број значително ќе се зголеми во однос на минатите локални избори кога имале шест кандидати.

– Сега сметаме дека речиси во сите големи урбани средини ќе имаме кандидати, додека нормално и во одредени рурални средини ќе имаме кандидати.

Во однос на какви било коалицирања, Мециновиќ вели дека јавноста знае дека Левица е единствената партија која принципиелно во своето јадро на политичко функционирање не коалицира предизборно затоа што сметаат дека политичките чинители треба да си ги измерат силите поединечно, а не со „сателит партии како што тоа го прават СДС и ВМРО ДПМНЕ“.

Генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ во изјава за МИА вели дека неговата партија се подготвува за локалните избори, како и дека се започнати внатрепартиски анкети.

– Меѓу членството прашуваме кои од кандидатите се најсоодветни во дадените општински организации и веќе преминуваме на втора фаза каде што го испитуваме и јавното мислење, а веднаш после празникот ќе ја започнеме и статутарната постапка за самокандидирање, но и официјалната постапка по општинските организации, рече Дмитријевиќ.

СДСМ има разговори со коалиционите парнери во однос на локалните избори и ќе следуваат подетални разговори.

– Се уште не сме разговарале со коалициските партнери за распределбата на мандатите, дали тоа би било за советнички места или за градоначалници. Најпрво ја почнуваме процедурата внатре во партијата, со разговори со општинските организации, каде тие сметаат дека треба да извадиме наши кандидати и каде треба да одиме со коалицирање, така што во овој момент се уште немаме разговарано за персонални решенија, кој град на која коалиција ќе оди и дали СДСМ ќе настапува самостојно секаде, посочува генералниот секретар на СДСМ.

Димитријевиќ појаснува дека идејата е на овие избори во секоја општина да се настапува на посебен начин односно да не се оди со една коалиција секаде, туку да се пристапи поединечно.

Во однос на Град Скопје, тој вели дека после се она што се случува со целото цунами кое што го има мнозинството ВМРО-ДПМНЕ во Советот и со градоначалничката, СДСМ мора да понуди издржано решение.

– Независно кој ќе биде кандидатот, СДСМ за градот Скопје веќе започнува со пишување на сериозна програма односно со сериозни системски решенија кои ќе донесат на граѓаните на Градот Скопје одредени промени кои ги очекуваат а кои во изминатиот период гледаме дека ништо не функционира во тој дел. Сериозниот пристап во делот на програмата ни е клучен за Градот Скопје, рече Димитриевиќ.

По поразот на последните парламентарни избори, новото раководство на партијата, како што потенцира Димитријевиќ, напорно работи на консолидирање на партиските редови.

– Мораме да работиме напорно со членството за да ја вратиме довербата. Во овој момент како генерален секретар на партијата можам да ви кажам дека сме консолидирани и дека сите структури на партијата по хоризонтала и по вертикала се избрани и дека во следниот период дополнително ќе работиме во секоја општинска организација за да можеме да го извадиме најдоброто, вели Димитриевиќ за МИА.

Дали по трагедијата во Кочани граѓаните стануваат поактивни во барањата за подобар живот и почитување на стандардите?

Трагедијата во Кочани ни покажа колку е важно функционирањето на локалните, но и на централните институции за една општина. Граѓаните, но и политичарите се уште ги утврдуваат слабостите кои доведоа до 61 жртва во пожарот во Кочани и над 200 повредени. Па, така, за очекување е промена на барањата на граѓаните за подобро и поефикасно функционирање на нивните локални заедници. Како горливи прашања остануваат загадувањето на воздухот, автобускиот или јавниот превоз, зеленилото, убавите и прегледни улици, канализацијата, чистотата, состојбата во училиштата, градинките, урбанизација…

Според сегашниот Изборен законик, локалните избори се одржуваат на секои четири години во втората половина на октомври. Доколку тоа остане така согласно сегашниот Изборен законик, тие треба да се одржат во недела на 19 или 26 октомври.

Локалната самоуправа во Република Северна Македонија е организирана во 80 општини и Градот Скопје како посебна единица на локалната самоуправа. Во состав на Градот Скопје функционираат 10 општини, кои имаат поделени надлежности со Градот.

Изборите ги распишува претседателот на Собранието со донесување акт што се објавува во Службен весник. Изборите се одржуваат најрано 70, а најдоцна 90 дена од денот на распишување на изборите.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Спротивно на ставот на Мицкоски, Меџити задно со Ахмети и Таравари дава поддршка на протестот за поранешните лидери на ОВК

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Многу врева за ништо

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје Среќна Нова 1984 година, со љубов- Големиот брат

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Кремљ ја поздрави новата Национална безбедносна стратегија на Трамп, била во согласност со визијата на Москва

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ