Може да се биде патриот и родољуб во помирувањето на семејството, државата и народот. Но, не може да се биде патриот и шовинист, уништувајќи го својот дом преку омраза на семејството, воспевајќи ја патријата и нацијата во златен кафез кој што и покрај сиот сјај е сепак кафез на осаменост и отуѓеност.
Патриотизмот и национализмот се толку блиски, но сепак многу далечни концепти. И двете именки се добри и позитивни онолку колку што се подредени на умереноста и доброто кое го нудат, не само од доброто од кое се хранат. И обратно, национализмот и патриотизмот се онолку лоши колку што се безгрешни за екцесот и злото со коешто се хранат.
Дијана Тахири
15 септември 2018, „Патриотизам ДА, национализам Не!“