Проблемот со сведителствата се провлекува повеќе години. И лани излеговме со реакција. Многу често се јавуваат истите училишта, но имаме прогрес и напредок бидејќи бројот на училишта се намали. Конкретно, тетовската гимназија оваа година немаме информации дека се барале пари за свидетелства, но средното економско, медицинско во Тетово, како и скопската „Зефљуш Марку“ и прилепската „Мирче Ацев“ се наплаќало, изјави во Утрински брифинг претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ.
– Сето ова е спротивно на став 2 член 3 од Законот за средно образование и бидејќи ваквите такси ги нема во Законот, секое училиште сои ги одредува произволно. Лани Народниот правобранител излезе со реакција и мислење по однос на ова прашање, а оваа година имавме и јасен одговор од МОН. Јасно е кажано дека ова е спротивно на Законот за основно, Законот за средно и Уставот и рекоа дека Државниот просветен инспекторат ќе постапат по овие случувања, пренесува Слободен Печат.
Во саботата кога излеговме со медиумското соопштение истото го испративме и до Државниот просветен инспекторат. Уште немаме добиено одговор, но очекуваме сите училишта за кои имаме сознанија да бидат испитани од Државниот просветен инспекторат. Некои од директорите велат дека не знае за ваквите такси, дека наставниците го правеле тоа индивидуално, но ниту наставниците, ниту учениците треба овие трошоци да ги даваат од сопствен џеб, па затоа очекуваме државниот инспекторат да го реши овој проблем, изјави Павичевиќ.