• Latest

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Хрватска во земјава

November 28, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Хрватска во земјава

November 28, 2019 14:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ.

Притоа, како што соопшти претседателскиот Кабинет, Пендаровски истакна дека двете пријателски земји ги поврзува традиционално и искрено пријателство, вредности кои се клучни елементи за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на Северна Македонија и на Хрватска, како и за целиот регион.

 

Изразувајќи благодарност за јасната и безрезервна поддршка којашто Хрватска ѝ ја дава на Северна Македонија, претседателот Пендаровски нагласи дека очекува нашата земја да ги започне пристапните преговори со Европската Унија, токму за време на хрватското претседавање со ЕУ, во првите шест месеци од следната година.

– На тој начин ќе го потврдиме нашето пријателство и соработка, посебно во овој значаен период за нашата држава, но верувам и за регионот, како и за Европската Унија, односно процесот на проширување, истакна претседателот Пендаровски.

При предавањето на акредитивните писма, амбасадорката Тигањ истакна дека во согласност со политиката на Хрватска, таа секогаш ќе го истакнува досегашниот напредок на Северна Македонија и ќе продолжи да ги поддржува реформските процеси.

 

Како што се наведува во соопштението, Тигањ истакнала дека постои голем потенцијал двете пријателски земји и натаму да ги унапредуваат билатералните односи, нагласувајќи дека економијата, туризмот, како и националните малцинства на двете држави, се само дел од областите за продолжување на взаемната плодна соработка.

Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка Тигањ и посакал успех во вршењето на оваа одговорна дипломатска функција.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ