• Latest

Пендаровски на 75 сесија на Генералното Собрание на ОН: Еднаквоста пред законот е приоритет за нас.

September 18, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски на 75 сесија на Генералното Собрание на ОН: Еднаквоста пред законот е приоритет за нас.

September 18, 2020 16:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, преку видео-порака се обрати на состанокот на високо ниво „SDG Moment 2020“, на кој беше разгледан напредокот на реализацијата на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации на глобално и на регионално ниво, во контекст на пандемијата на КОВИД-19. Настаните во рамки на годинешната 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, поради пандемијата на КОВИД-19, се одржуваат виртуелно.

„Чест е да се биде дел од оваа дебата, која се случува во мошне значајно, но сепак неизвесно време. Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 има сериозно влијание не само врз економијата, туку ги промени и нашите животи и навики до непрепознатливост. Во денешно време, потребата да се фокусираме на одржлив развој е уште поитна, а оваа сложена задача бара координирани реформи и темелна промена на начинот на кој ги дизајнираме нашите општества.

 Во 2015 година се обврзавме „да не оставиме никој зад нас“ и се согласивме да ја спроведеме Агендата 2030, усвоена од земјите-членки на ООН. Нашиот фокус е подобар живот за сите граѓани, а нашите национални напори за одржлив развој се исто така усогласени со нашата клучна надворешно-политичка цел – членство во Европската унија.

Проценката за брза интеграција на целите за одржлив развој спроведена во 2019 година покажа дека 83% од националните стратешки планови за развој се усогласени со целите за одржлив развој.

Приоритетни цели за 2019-2020 година за Северна Македонија се: да се стави крај на сиромаштијата; да се обезбеди инклузивно и правично, квалитетно образование; да се промовира инклузивен и одржлив економски раст и пристојни работни места за сите, да се преземат итни активности за борба против климатските промени, да се обезбеди пристап до правдата за сите и да се изградат ефикасни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа.

Климатските промени и натаму остануваат предизвик. На Самитот во Париз во декември 2015 година, Владата се обврза да ги намали емисиите од фосилни горива за дури 36% до 2030 година во споредба со основното сценарио.

Презедовме мерки за производство на чиста, достапна и безбедна енергија, вклучително и зголемена употреба на сончева енергија. Аерозагадувањето останува предизвик за Северна Македонија и бара долгорочен, системски пристап, инвестирање во позелена економија за позелена животна средина.

Еднаквоста пред законот е приоритет за нас. Посветени сме да продолжиме со структурните реформи, да ги зајакнеме владеењето на правото и судскиот систем на кои ќе им веруваат мнозинството граѓани.

Во јули 2020 година го презентиравме првиот Доброволен национален преглед кој ги отсликува достигнувањата од Агендата 2030 и ги идентификува следните чекори за забрзување на спроведувањето на целите за одржлив развој во преостанатата Декада на акција. При изготвувањето на овој документ, соработувавме и сме благодарни за придонесот на агенциите на ООН во Северна Македонија, младинските организации, граѓанското општество, академските установи и стопанските комори.

 Одржливиот развој не е само дополнителен план за светот. Агендата 2030 е обврска за нашите и идните генерации целосно да го искористат човечкиот потенцијал и да размислат за наследството што ќе го оставиме зад нас“, изјави Пендаровски.

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ