• Latest

Пендаровски: Ние во Европа не гледаме непријатели, само држави со специфични национални интереси

October 18, 2019
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Ние во Европа не гледаме непријатели, само држави со специфични национални интереси

Сите информации што ги имавме за разговорите, пред и за време на самитот, неспорно зборуваат за концепциски разлики меѓу носечките држави членки на ЕУ во однос на процесот на проширувањето.

October 18, 2019 14:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, се обрати до граѓаните по Самитот на ЕУ во Брисел. Во своето обраќање зборува за одлуката на Самитот и повикот за лидерска средба.

Како што истакна иако заклучоците на Самитот не се во согласност со нашите очекување, сепак треба да се разберат одлуките на ЕУ. Што се однесува за лидерската средба, Пендаровски ја закажа на 20 октомври, недела. За времето и местото дополнително ќе одлучува.

https://www.facebook.com/SPendarovski/videos/503239236925313/

Во прилог обраќањето на Пендаровски.

„За жал, заклучоците на Советот не се во согласност со нашите оправдани очекувања и сигурно не се во рамките на претходните најави на самата Унија. Разбирливо е што во овие моменти кај многумина постои чувство на разочараност, меѓутоа, емоциите на страна, мораме трезвено да се соочиме со новата реалност.

Ниту една политичка одлука не е за вечни времиња, ниту еден развој на настаните не е конечен. Неколку искуства од годините на нашата независност зборуваат во прилог на оваа моја констатација.

Но, пред да донесеме одлука за тоа како понатаму, важно е да разбереме зошто некои одлуки се такви какви што се, а не такви како што со право очекувавме да бидат.

Имено, неспорно е дека ги исполнивме сите предуслови за почеток на преговорите и тоа беше констатирано на претходната средба на Советот во јуни, кога без други забелешки, беше заклучено дека од технички причини поврзани со временскиот лимит, по штотуку завршените евро-избори, одлуката ќе биде донесена на самитот во октомври.

Сите информации што ги имавме за разговорите, пред и за време на самитот, неспорно зборуваат за концепциски разлики меѓу носечките држави членки на ЕУ во однос на процесот на проширувањето.

Дел од тие забелешки се однесуваат на методологијата за водењето на претпристапните преговори.

Мојот став од почетокот беше и останува дека предлозите за надградување на методологијата се добредојдени, затоа што заедничка цел е да се осигураат позитивните промени што треба да се случат во текот на процесот.

Меѓутоа, во позадината на сите преговори можеа да се слушнат и размислувања за градење на некаков посебен однос на Европската унија со државите од нашиот регион, различен од патот низ кој што поминаа сите некогашни кандидати за членство.

Почитувани, тие дилеми допираат до самата суштина на европската идеја, а, таа е дека сите држави на континентот, со исполнување на критериумите имаат право на полноправно членство во унијата. Идејата за обединета Европа е право на сите Европејци и тоа никој не може да им го одземе. Ние сме европска држава и имаме право да бидеме дел од заедничкиот европски дом.

Нашата држава има многу искрени пријатели и сојузници во Европа. Во овие моменти кога некои од нас се преиспитуваат, сакам јавно да кажам дека ние во Европа немаме непријатели, постојат само држави кои имаат свои специфични национални интереси кои ги штитат и во тоа нема ништо спорно.

Сведоци сме дека огромното мнозинство држави се бореа и се борат за нашите интереси како што се борат за сопствените национални интереси. Нивната поддршка е искрена и без заддршка, а во тоа се уверив и за време на моите посети во Брисел, Берлин, Виена и Љубљана. Убеден сум дека сите тие ќе продолжат да не поддржуваат независно од развојот на настаните во иднина.

Сега е најважно ние самите, уште еднаш, да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатлантските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ, знаеме одамна, нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или на еден претседател.

Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја, единствениот исправен пристап, имајќи ги во предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество.

Ние не треба да бидеме само формално членка во унијата, туку реално да го усвоиме системот на вредности и нивна примена во секојдневниот живот на граѓаните.

Реформите во многу области, а особено функционирањето на правната држава, мора да продолжат и да се интензивираат без никакви калкулации. Справувањето со организираниот криминал и високата корупција не се само услов за интеграциите, тие се, многу повеќе, нужност за опстојувањето на еден оддржлив правен поредок.

Европските стандарди треба да станат домашни стандарди. Ако нашите луѓе не видат европски стандарди на живеење, само формалното членство во Унијата не му е никому потребно. Независно од заклучоците на Советот на ЕУ, договорите што ги постигнавме со нашите соседи Бугарија и Грција мораме да продолжиме да ги спроведуваме, онака како што е договорено, со фер пристап од сите страни, бидејќи тие се темел на добрососедските односи, но и на регионалната соработка и стабилност.

Исто така, внатрешните реформи за целосна интеграција и рамноправност на сите етнички заедници мораат да продолжат затоа што се предуслов за внатрешната кохезија и стабилноста на државата.

Во овие моменти, најмалку што ни е потребно, е нашето незадоволство да го насочуваме кон одредени земји членки на Унијата и без потреба да ја трошиме енергијата во креирањето на политички тензии.

Токму затоа, во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политичките партии, за момент да ги остават настрана своите легитимни партиски интереси и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата.

За таа цел упатив покани за лидерска средба до претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата. Убеден сум дека токму сега е време да покажеме единство околу нашата стратешка ориентација, без разлика на легитимните политички разлики по многу прашања.

Сакам да ја информирам македонската јавност дека од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела, на 20 октомври.

Сега не е време за разочарување, за апатија или за калкулации за добивање на ситни дневно-политички поени. Сега е време за повторно обединување околу она што ни е најважно во Република Северна Македонија – нашата иднина и иднината на генерациите што доаѓаат.  Јас сум длабоко уверен дека само ако работиме заедно – ќе успееме!“, изјави Пендаровски.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ