„До сега имаше три дуели меѓу мене и госпоѓата Давкова и се разбира и останатите кандидати во првиот круг и сега попладнево со партискиот сервис МТВ, кој сите ние го плаќаме, организирале дебата во која госпоѓата дебатира самата со себе и како што велат празно столче од другата страна“, нагласи претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој на овој собир со граѓаните истакна дека дека договор за термин немаше.
„Последна дебата која е договорена, од трите во вториот круг, ќе биде на 6 мај на Канал 5, а ова мораа да го направат, затоа што е тоа единствен начин Гордана Силјановска – Давкова да излезе како победник во дуел“, рече Пендаровски.
Н. А.