• Latest
фото: МИА

Пендаровски покровител на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

February 26, 2021

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Пендаровски покровител на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

February 26, 2021 14:24
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, денеска се одржа координативен состанок по повод усвојувањето на Националната програма за реализација на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, чиј покровител е претседателот Пендаровски, а носители на проектот се Министерството за култура и Министерството за образование и наука.

„Современиот македонски литературен јазик е од непроценливо значење за нашата култура, книжевност и идентитет. Затоа имаме морална должност да го чуваме наследството што ни го остави Блаже Конески како современо културно наследство и достојно да го чествуваме јубилејот на личноста која е парадигма за нашата современост, еманципација и прогресивност. Ми претставува голема чест и задоволство што сум покровител на Националната програма која ја посветуваме на великанот на македонската култура и книжевност“, истакна претседателот Пендаровски.

На онлајн состанокот учествуваше министерката за култура, Ирена Стефоска, претставници на вклучените институции, како и членови на работната група за реализација на Националната програма за одбележување на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, кои ги презентираа предвидените содржини од програмата. Претседателот Пендароски беше информиран  и за тековните проекти и преземени активности од страна на ресорните министерства во насока на реализацијата на платформата.

Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ предвидува бројни културно-образовни содржини во текот на целата година. Академски и научни издавачки проекти, литературни манифестации, меѓународни научни конференции, јавни конкурси за младите уметници и изложби, педагошко-информативни проекти, промоција на дигитално издание на толковниот речник на македонскиот јазик, се дел од активностите со кои ќе се одбележи јубилејот. Согласно Националната програма ќе биде испечатена и поштенска марка со ликот на Блаже Конески.

Одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески е запишано во календарот на значајни јубилеи поддржани од страна на УНЕСКО, што претставува меѓународно признание за неговиот лик и творештво.

На меѓународен план, со Годината во чест на Блаже Конески, Република Северна Македонија се вклучува во одбележувањето на „2021 – Меѓународна година на мирот и довербата” и „21 март – Светски ден на поезијата”, прогласени од страна на ООН.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ