• Latest

Пендаровски потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во АРСМ

July 18, 2019

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во АРСМ

July 18, 2019 15:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата на Република Северна Македонија. 

Претседателот Пендаровски постапи по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврдила дека поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов, со донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година, за време на изборниот период сторил дејствија што се забранети за време на изборниот процес и со тоа ја прекршил одредбата од членот 8-а, став 1, алинеја 2 од Изборниот законик и одредбата од членот 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Согласно новите укази бригадниот генерал Јордев Драган Орце, со указ се разрешува и се поставува за заменик на командантот на Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, бригадниот генерал Ѓоргоски Тито Мирче е отповикан од воен претставник на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел, Кралство Белгија

Претседателот го рРазреши и полковникот Ковачки Ѓорѓи Драган од командант на 1. Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, а полковникот Емини Сабедин Бесник е разрешен од началник на штаб во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија и се поставува за командант на 1.Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Полковникот Јуришиќ Мирослав Маријо со указ се отповикува и се поставува за одбранбено аташе на Република Северна Македонија во Париз, Република Франција.

Што се однесува до нНачалникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, со указ од 25 февруари 2019 година тој беше унапреден од чин генерал-мајор во чин генерал-потполковник. Во Законот за одбрана нема законски основ за одземање на чин, освен доколку носителот на чинот е лично одговорен за определени противзаконски дејствија, како што се кривично дело или тешка дисциплинска повреда.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ