• Latest

Пендаровски: Проактивниот пристап на Париз би можел да придонесе за решение и за побрз почеток на преговорите

June 1, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Проактивниот пристап на Париз би можел да придонесе за решение и за побрз почеток на преговорите

June 1, 2022 15:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Проактивниот пристап на француското претседателство со Европската Унија е добредојден за претседателот на државата Стево Пендаровски, кој се надева дека истиот би можел да придонесе за изнаоѓање решение со кое би и се помогнало на земјава побрзо да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, се вели во одговорот на Kабинетот на шефот на државата за МИА во однос на прашањето дали на маса е нов француски предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија.

Дојче веле претходно денеска повикувајќи се на добро упатени извори во процесот објави дека јавноста смета оти се преговара по португалскиот предлог, но оти на маса сега е француски предлог за решавање на спорот, а советници од Министерството за надворешни работи на Франција, а потоа и советник од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, во изминатиот период биле на средби во Скопје и Софија.

„Француската Република како актуелен претседавач со ЕУ уште при преземањето на претседателството во јануари оваа година го најави засилениот ангажман во насока на изнаоѓање решенија за отворените прашања на Западниот Балкан. Оттука, активностите на француската дипломатија во изминатите шест месеци, односно средбите на политичко и експертско ниво не се некаков нов обид за пробив, туку се целосно на линија на декларираните приоритети во однос на претседавањето со ЕУ. Целта на сите активности е да се направи исчекор во дијалогот со Бугарија во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан и Европскиот Совет, најавен за последната недела од овој месец во Брисел“, се нагласува во одговорот за МИА од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Во однос на прашањето за евентуалното вметнување на бугарските предлози во преговарачката рамка со ЕУ, како што наведуваат од Кабинетот, претседателот смета дека утврдувањето на конечниот текст и усвојувањето на преговарачката рамка за која било држава е процес за кој е потребен целосен консензус меѓу земјите членки на Унијата, а основата врз која се утврдува самата рамка е европското законодавство, каде постојат правила, но и пракса, за тоа што може, а што не може, да биде дел од рамката.

„Во оваа смисла, позицијата на претседателот Пендаровски се темели на констатацијата дека не смее да се дозволи преседан во случајот со Република Северна Македонија, со кој би се дозволило прашања кои задираат во идентитетските параметри и кои не се дел од европското законодавство, да бидат опфатени во преговарачката рамка. Преговарачката рамка која ќе ја усвои ЕУ, треба да биде прифатена и од нашата држава, по што и формално би започнал процесот што ќе доведе до отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ“, нагласија од Кабинетот на шефот на државата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ