• Latest

Пендаровски: Со предизвиците сега се соочуваме заедно со 29 наши пријатели

March 27, 2021
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Со предизвиците сега се соочуваме заедно со 29 наши пријатели

March 27, 2021 13:25
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Пред точно една година станавме полноправна членкана Севернолантската алијанса. Патот до членството беше долг и тежок, чекавме 20 години најмногу од сите кандидати во историјата на организацијата, но и покрај сите одлагања не се откажавме затоа што тоа беше и останува наша клучна стратешка цел од независноста до денес, изјави претсдателот Стево Пендаровски во обраќањето на на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

– Со тоа ги заокруживме заложбите на повеќе парламентарни состави и влади и ја материјализиравме поддршката која во континуитет ни ја даваше огромното мнозинство македонски граѓани. И пред членството ние ги споделувавме вредностите и принципите на сојузот, спроведуваме реформи во одбраната, се проверуваме на заедничките воени вежби, учествуваме во ризични мирновни мисии и на тој начин  активно придонесувавме за нашата и за заедничката безбедност, порача Пендаровски.

Тој нагласи дека бевме свесни дека членството во НАТО не е гаранција дека веќе нема да се соочуваме со предизвици, бидејќи се тие неминовни за секоја држава во светот, меѓутоа членството е гаранција дека кога ќе се соочуваме нема да бидеме сами и дека нашата подготвеност за отпор и за одбрана ќе биде мултиплицирана.

– Нашата прва година од членство токму тоа го потврди. Пандемијата која што започна како здравствена криза брзо прерасна во економска,социјална и еколошка криза. Ние и светот претрпевме непроценливи човечки и огромни материјални штети. Се уште е многу рано да се согледаат сите долгорочни последици од оваа несреќа. Но едно е очигледно. Целиот свет живее во епоха на исклучитена непредвидливост, истакна Пендаровски.

Тој додаде дека во денешниот свет се менуваат не само бројот и интензитетот, туку и карактерот на безбедносните ризици и хибридни закани кои се прекомплексни за менаџирање и за најмоќните држави и токму тука се предностите од членството во НАТО.

– Имено многу од проблемите со кои како држава се соочувавмем пред пандемијата, и пред членството не исчезнаа, но станаа полесни за носење. Денес над нас како симбол на нашата поврзаност прелетуваат воени авиони на НАТО, кои се дел од воздушното патролирање и заштита на нашето небо, кое е делод заедничката евроатлантска територија, предмет на колективна заштита, додаде шефот на држвата.

Претседателот на Републиката нагласи дека веќе една година учествуваме во сите работни комитети и тела, и носиме заедно стратешкии одлуки како рамноправна членка и имаме целосен пристап кон најрелевантните информации со кои располага Алијансата.

– Тој механизам за размена на информации ни помага да ја превенираме опасноста и подобро информирани да креираме политики и да носиме одлуки за виталните безбедносни и надворешно политички прашања, истакна Пжендаровски.

Во исто време, наласи тој, дел сме од координативнте механизми на НАТО за справување и со хрибридните закани и кампањите за дезинформирање на јавноста, а во однос на пандемијата, Алијансата  беше и се уште е ангажиран здравствената криза да не премине во безбедносна.

– Преку солидарните механизми на НАТО, уште на самиот почеток, добивме неопходна медицинска опрема и материјали нои споделно знаења и искуства. Во овој период на глобална неизвесност и геополитички тензии, НАТО е важен стабилизирачки фактор за Северна Македонија. Но, оваа поддршка и солидарност е двострана, на наша територија во услови на прогласена кризна и воена состојба ја ангажиравме армијата како поддршка на МЗ и МВР и на единиците на локална самоуправа, рече Пендаровски.

Шефот на државата нагласи и дека нашата Армија продолжуваме со учество во мировните мисии и во моментов нејзини припадници се дел од мисијата решителна поддршка во Авганистан, а во ноември 2020 за првпат станавме дел од мисијата КФОР на Косово, со што почанвме да придонесуваме директно и за стабилноста на регионот.

– Со цел да ја засилиме отпорноста на државата кон новите и старите закани, продолжуваме да вложуваме во модернизација и развој на Армијата. Во тој дел меѓу претседателот и Владата посто  консензус за прецизна временска рамка кога треба да ја постигнеме целта за издвојување на два проценти од БДП за одбраната и ние имаме намера да го испочитуваме дадениот збор, рече Пендаровски.

Тој нагласи дека за да бидеме подготвени за постковид еднакво важно е да ги негуваме темелните вредности на западната алијанса, слободата, демократијата и владеењето на правото како основни предуслови за економски и социјален развој.

– Но, на предизвиците, сега не им гледаме сега во очи сами, со нас се 29 држави, 29 демократии, 29 моќни армии, 29  наши пријатели и во добри и во лоши времиња, истакна Пендаровски во обраќањето.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ