• Latest

Пендаровски за „Етнос“: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

October 14, 2019
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски за „Етнос“: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа

October 14, 2019 16:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надеж дека Европскиот совет ќе даде зелено светло за почеток на пристапни преговори со унијата, изразува претседателот Стево Пендаровски во изјавата за грчкиот весник „Етнос“, потенцирајќи дека ваквата одлука би била достојна и признание за напорите што ги направи земјата, jави дописничката на МИА од Атина.

Во текстот под наслов: „Стево Пендаровски за Етнос: Време е Европа да нѐ награди“, грчкиот весник ја пренесува изјавата на претседателот, како во однос на ЕУ и европската перспектива на земјата, така и во однос на Договорот од Преспа.

„Искрено се надевам и очекувам дека ќе има позитивна одлука од Европскиот совет за да може Северна Македонија да ги започне претпристапните разговори, за во следниот период да стане членка на ЕУ. Тоа ќе биде одлука што ја сметаме за достојна, но е и признание за сите напори што ги направи земјата во последните години, како во спроведување на внатрешните реформи, така и со решавањето на долгогодишното прашање за името со Грција, стигнувајќи до историска одлука што го отвори патот за заедничка европска иднина и на двете земји“, вели претседателот Пендаровски.

Шефот на државата истакнува дека двете соседни земји како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогне во безбедноста и стабилноста на регионот, а говори и за Договорот од Преспа и позитивните резултати и новото поглавје во билатералните односи.

„Но, најважно од сѐ е дека се отвори пат за силен билатерален однос, зајакнувајќи ја врската како на политичко, економско и одбранбено ниво, така и меѓу луѓето и културните соработки. Северна Македонија и Грција се соседи долго време, а сега имаат можност да станат партнери во рамките на ЕУ. Процесот на преговори, им дава значителни можности на земјите да разменат знаење, добри практики и искуства од процесот на пристапување во ЕУ. Како членки на ЕУ, слободното движење на лица, добра и услуги ќе овозможи поотворена област што ќе донесе просперитет како за Северна Македонија, така и за Грција како дел од истиот европски регион. Како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогнат во безбедноста и стабилноста на овој регион“, вели претседателот Пендаровски за „Етнос“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ