Претседателот на државата Стево Пендаровски, на неговиот твитер профил објави дека утре ќе биде домаќин на лидерската средба во Вила Водно, на која ќе се разговара за можноста за одлужување на парламентарните избори кои се закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот.
– На средбата ќе присуствуваат и претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Оливер Спасовски, пишува Пендаровски на твитер.
Лидерска средба утре во Вила Водно за можно одложување на парламентарните избори закажани за 12 април, датум договорен на средбата на парламентарните партии во октомври 2019. Ќе присуствуваат и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 16, 2020
Денеска, лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе изразија подготвеност изборите да бидат одложени. Датумот за одржување на изборите на 12 април беше договорен токму на средба кај Пендаровски во октомври минатата година.
П.К.