Пентагон во вторникот ги демантираше руските тврдења дека уништиле шест ракетни системи ХИМАРС од американско производство од почетокот на конфликтот во Украина, пренесува Укринформ, повикувајќи се на Ројтерс.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, според Интерфакс, во вторникот изјави дека Русија го уништила ХИМАРС.
„Свесни сме за овие последни тврдења на министерот Шојгу и тие повторно се очигледно лажни“, рече Тод Брејсил, вршител на должноста портпарол на Пентагон.
Според официјалниот претставник, секој испорачан ракетен систем ХИМАРС е во активна употреба против бруталната инвазија на Русија со уништувачка точност и ефикасност.
Како што беше објавено претходно, руската војска постојано изјавува дека нивните сили наводно успеале да ги соборат ракетите ХИМАРС, но не се обезбедени докази за да се поткрепи тврдењето.
Командантот на оперативната команда Југ, генерал-мајор Андриј Ковалчук, изјави дека украинските сили многу брзо го совладале системот за повеќекратни ракетни фрлачи ХИМАРС и докажале дека можат ефикасно да го применат на бојното поле против Русите.
Подготви: Д.Мишев