• Latest

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

August 23, 2019

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади

August 23, 2019 11:57
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пентагон, односно американското министерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија – испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“.

Според американскиот весник, тимовите влегле со дозвола на владите во тие земји и оперирале „внатре во нивните мрежи за да го пронајдат опасниот софтвер кој Русија го вметнала во нивните, наводно безбедни системи“, пренесува МЕТА.

„Наидовме на вистинска ризница. Она што не изненади е колку дрски биле. Нивните активности продреле многу длабоко“, изјави висок функционер во Министерството за одбрана.

Екипите на експерти откриле нови делови на руски штетен софтвер (малвер) вклучувајќи и софтвер кој овозможува контрола на инфицираните компјутери од далечина и без да може корисникот да го детектира.

– Русите биле немарни бидејќи не се труделе многу да ги сокријат трагите од нападот врз мрежите, по принципот „ако мислиш дека никој не те гледа, не се ни трудиш да ги сокриеш трагите“ – вели функционерот.

„Пост“ пишува дека оваа активност на САД ќе продолжи и во изборната 2020 година.

Пораката која сака САД да ја испрати на Москва, според изворот на весникот, е „знаеме што правите. Ние сме обединети против вас. Вашите активности ќе имаат последици “.

Една од нив е кога по откривањето на штетниот софтвер тој бил анализиран и постиран на интернет за да се олесни правењето анти-вируси.

Делот од кампањата бил и контранападот во кој краткотрајно била „затворена“ руската Агенција за истражување на интернетот (Internet Research Agency), т.н. – „фабриката за тролови“.

Во јули 2018 година „Мета.мк“ извести дека истражувачките новинари на „Базфид“ и Проектот за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриле информации за службен пат на руска специјалистка од оваа област во Македонија.

Ана Богачева, член на руската Агенција за истражување на интернетот, на прашање на новинарите што барала во Македонија во јуни 2015 година одговорила „се извинувам, ама не зборувам за мојата работа“. Нејзиниот влез во земјата наводно не бил регистриран од граничните власти, а тоа што со таков статус и било дозволено да излезе без да биде испитана може да се толкува и како индиција за поврзаност со тогашната власт.

Богачева е една од 13-те руски државјани обвинети во февруари 2018 г. за наводното мешање во американските избори во 2016 г. Нејзината посета се случила само еден месец откако тогашниот македонски претседател Ѓорге Иванов одби да го поддржи бојкотот на членките и сојузниците на НАТО на парадата по повод Денот на победата 9 мај во Москва во знак на протест поради руската агресија врз Украина. Иванов тогаш беше еден од ретките европски шефови на држави кои се придружија на рускиот претседател Путин на трибините.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ