• Latest

Пензионерите ќе добијат 1.500 денари повисоки пензии; Даравелски на слобода; Лога ги повика политичките партии со консензус да донесат нов Изборен законик

March 14, 2023

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Пензионерите ќе добијат 1.500 денари повисоки пензии; Даравелски на слобода; Лога ги повика политичките партии со консензус да донесат нов Изборен законик

March 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пензионерите ќе добијат повисоки мартовски пензии

Пензиите во март ќе се зголемат за 8,4 отсто, по одлуката за зголемување на минималната плата на 20.175 денари.

Законот за изменување и дополнување на законот за пензиско и инвалидско осигурување предвидува нов начин на усогласување на пензиите, при што при пресметката на пензиското усогласување се земаат предвид зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

Ова метода дава можност и за реално зголемување на пензиите во однос на платите, па со зголемувањето на просечната плата пензиите ќе продолжат да растат.

Усогласувањето на Мартовската пензија согласно методологијата ќе се зголеми за 8,4 % (пораст на плати 6,1 и пораст на трошоци за живот 10.6%) со што просечната пензија од 17.666 ќе се зголеми на 19.150 денари, соопшти МТСП.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Истрефи: Важно е да има договор за успешно завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија започнат во 2011 година

Пред критичната средба, поддржана од ЕУ, меѓу косовскиот премиер, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 18 март во Охрид, разговаравме со политичкиот аналитичар Астрит Истрефи, извршен директор на Балкан Форум, истакната тинк-тенк организација од Косово.

Разговаравме за актуелната состојба во односите меѓу Република Косово и Република Србија и за перспективите на дијалогот Белград-Приштина, поконкретно за Предлогот-Договорот на ЕУ за патот кон нормализација меѓу Косово и Србија.

„Како што знаете, имаше многу тензии меѓу двете земји, тоа е нешто што се провлекува подолго време. Очекуваме дека планот, всушност, временски рамки и распоред за тоа како европскиот план би се имплементирал, да биде потпишан на 18 март во Северна Македонија. Лично не верувам дека било што ќе се потпише на 18, но се надевам дека скоро може да имаме сé договорено во однос на продолжување со решавање на најгорливите прашања меѓу двете земји, што сега се втемелени во основниот документ на Европска Унија“, рече Истрефи во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРНИ РЕФОРМИ Министерот за правда Кренар Лога ги повика сите политички партии да дадат свој придонес и со консензус да биде донесен новиот Изборен законик. Подготвен е претседателот на работната група која треба да работи на Изборниот законик да биде на предлог на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. 

(НЕ)ПРАВДА Основниот Кривичен суд – Скопје ја запре кривичната постапка против поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски поради настапување на апсолутна застареност.

СТУДЕНТСКИ ОБРОК Од 01.04.2023 година, секој студент- корисник на субвенциониран студентски оброк да добива износ од 140 денари дневно. Критериумите за корисник остануваат непроменети, објави пратеничката од СДСМ, Санела Шкриел на својот Фејсбук профил.

ИНВЕСТИЦИИ Германските компании ја гледаат земјава како добра можност за инвестирање, но и како соодветно место за префрлање на своето производство од оние земји кои се несигурни поради руско-украинскиот конфликт. Сепак, се уште забележуваат на недоволно брзите бирократски процедури.

Како што рече денеска в.д. амбасадорот на Германија Ото Граф, секој што води бизнис и произведува, има интерес постапките да бидат што поефикасни. Онаа земја што тоа ќе го понуди, ќе ги привлече инвеститорите.

ЕУ Европската унија подготвува закон за странски агенти, иако највисоките европски функционери жестоко ги критикуваа грузиските власти дека се обидуваат да донесат таков закон, објави „Политико“, пренесе МИА.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

*

Најмалку тројца цивили се повредени изутринава по руското гранатирање на Краматорск во источниот украински регион Доњецк, изјави украински официјален претставник.

*

Поради недостиг на муниција, Русија користи застарени гранати во војната во Украина, соопштија британските разузнавачи.

Дипломатскиот кор во Северна Македонија со силна поддршка на Украина

„Украина – година на хероизмот“ е заедничкиот наслов на големата конференција што се одржа на 24 февруари, во Домот на АРМ, во организација на ЦИВИЛ и украинската амбасада во Северна Македонија. Конференцијата беше поделена на три сесии.

 

Како говорници на втората сесија се обратија Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир, Ерик Мејер, заменик на Амбасорката на САД, Амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте, албанскиот амбасадор Фатос Река, заменичката на Амбасадорот на Обединетото Кралство, Jулиja Смит, јапонскиот амбасадор . Н. Е Казуја Оцука, Биби Грамсон, заменичка на Амбасодрката на Шведска, Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и Војциех Тицињски, Амбасадор на Полска.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ