• Latest

Перински: Можноста за отповикување ќе важи за идните градоначалници

February 17, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Да се откочи процесот за влез во ЕУ и да се сузбие руско-српското влијание во земјата, порачаа граѓаните

August 11, 2025
Илустрација: ВИ

Што е што во изборен контекст: Дезинформациите и нивното влијание

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Жителка на руската област Белгород тврди дека руски воен авион бомбардирал цивилна област: Тоа беа наши авиони

August 11, 2025

Четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки-предлага Народна банка

August 11, 2025
Фото: МИА

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за Украина и Газа на видеоконференција

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на The New Region / Х

Едно лице загина во североисточната турска покраина Баликешир во земјотрес со јачина од 6,1 степени

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија ќе ја признае палестинската држава во септември

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на LiveNOW from FOX

Трамп ги премести портретите на Обама и Буш на помалку видливи места во Белата куќа

August 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Пет новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа

August 11, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ: Западниот Балкан – заспиј ако можеш (1 дел)

August 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Перински: Можноста за отповикување ќе важи за идните градоначалници

February 17, 2025 13:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за локална самоуправа Златко Перински очекува до летово да заврши целата постапка за измена на Законот за локална самоуправа и новите кандидати за градоначалници во ноември годинава да бидат избрани по новото законско решение со кое ќе биде предвидена можноста за референдумско отповикување на градоначалник, воведувањето на комунален надзор и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво.

Нагласи дека очекува со процесот на подготовка на предлог измените да завршат околу 30 март и веднаш потоа да се усвојат на владина седница и да влезат во собраниска процедура. Потенцира дека измените не можат да важат ретроградно, што значи дека не може да биде отповикан ниту еден од актуелните градоначалници и додаде дека не може да се менуваат закони согласно персоналните решенија. Со измените, додаде, само сакаме да ја подобриме ситуацијата и состојбата на локално ниво и сите чинители кои се засегнати да имаат поквалитетно и поиздржано законско решение.

-Новиот закон кој ќе го донесеме ќе ги опфати новите градоначалници кои ќе ги добијат своите мандати после ноември. Убеден сум дека веќе сме спремни да прејдеме во следната фаза, а тоа е креирање на предлог измените за Законот за локална самоуправа и да ги доставиме до Собранието на дополнителни консултации со сите парламентарни политички партии за да влеземе во фазата на усвојување на предлог измените. Уверен сум дека преку ваквиот отворен, транспарентен и инклузивен начин ќе дојдеме до многу подобро решение од ова кое што го имаме во моментов, изјави Перински пред почетокот на последната од четирите предвидени консултативни средби за измена на Законот за локална самоуправа што денеска се одржува во Скопје. Претходно вакви средби имаше во Битола, Штип и Гостивар.

Тој истакна дека денеска на темата ќе се разговара со градоначалниците од Скопскиот и Северно-источниот плански регион и сите невладини организации кои ценат дека треба да бидат присутни на средбата.

-Станува збор за системско решение за кое беше неопходно да имаме широка јавна дебата за да ги чуеме мислењата од сите чинители и тоа и го направивме. Иако некои сметаа дека се премногу четири јавни дебати инсистиравме да има барем четири за да можеме да ги слушнеме и опфатиме сите страни, посочи Перински.

Александар Спасеноски, професорот од Правниот факултет во Скопје кој е експерт на ова поле, истакна дека во изминатиот период од неколку месеци се реализираат неколку фази со цел да се донесе најдобро и најсоодветно законско решение за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа.

-Законот за локална самоуправа претставува важен системски закон кој го положи тестот на времето, но како резултат на неговата долготрајна примена се јави потреба од определени измени и дополнувања. Главните измени и дополнувања се во насока на корекција на определени одредби кои се дел од актуелното законско решение за кои се покажало дека со текот на времето јавиле одредени аномалии и слабости. Наша цел е нив да ги детектираме во соработка со министерот, со Министерството, со градоначалниците и со другите важни чинители во оваа област и да предвидиме определени норми кои не се дел од ова законско решение, а се покажало дека се потребни. Таква норма, меѓу другото, е и идејата на отповик на градоначалник во согласност со највисоките европски стандарди, рече Спасеноски.

Се обидуваме, посочи, да ги детектираме и идејата за комунална полиција или други поситни одредби во консултација со градоначалниците со цел да излеземе со законско решение кое ќе биде прифатено од најголем дел од политичките партии.

-Законот за локална самоуправа произлегува од Рамковниот договор и затоа целта на УНДП, Министерството и на нас како експерти е да вообличиме законско решение кое ќе биде прифатено од страна на најголемиот дел од партиите во Собранието. Кога станува збор за комунална полиција во оваа законско решение само воведуваме правна можност за нејзино воведување кое ќе биде регулирано со друго законско решение. Сега ние создаваме база за во иднина законски да се регулира оваа материја, појасни Спасеноски.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ