• Latest

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

„Спортските сали и стадиони се места за спорт, фер-плеј и заедништво – не за поделби, навреди и ксенофобични скандирања. Како министер за односи меѓу заедниците силно го осудувам секој говор на омраза и национализам, без разлика од која страна доаѓа. Тоа не е гласот на граѓаните, туку на мали групи кои сакаат да ги нарушат меѓунационалните односи и политичката стабилност на државата“, вели Стоилковиќ за ЦИВИЛ.

August 5, 2025 10:20
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кошаркарските репрезентации на Северна Македонија и Романија играа во Куманово на 2 август, во втората рунда на европските претквалификации за Светското првенство во кошарка 2027 година. За време на натпреварот се пееше: „Нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине“ и се извикуваа паролите „Гасни комори за Шиптари“, „Добар Шиптар, мртов Шиптар“, „Чиста, чиста Македонија“ и други.

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како граѓанска организација за човекови права и слободи и Редакцијата при медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА, ги постави следниве прашања до вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ:

  • Зошто не реагиравте за време на натпреварот?
  • Што презедовте, а што планирате да преземете во претстојниот период во врска со екстремниот говор на омраза врз етничка основа и повиците за геноцид, како на спортските трибини, така и во поширок општествен контекст?

Одговорот на вицепремиерот и министер Стоилковиќ ви го пренесуваме во целост:

„Спортските сали и стадиони се места за спорт, фер-плеј и заедништво – не за поделби, навреди и ксенофобични скандирања. Како министер за односи меѓу заедниците силно го осудувам секој говор на омраза и национализам, без разлика од која страна доаѓа. Тоа не е гласот на граѓаните, туку на мали групи кои сакаат да ги нарушат меѓунационалните односи и политичката стабилност на државата.

Ги повикувам сите чинители, институции, спортски клубови и навивачки групи да покажат одговорност – затоа што спортот треба да нè поврзува и обединува, а не да нè раздвојува.

Верувам дека со заедничка посветеност – и од институциите, и од спортските клубови, но и од самите граѓани – можеме да градиме општество на заемно разбирање, каде што различностите се вредност, а не причина за поделби. Затоа, потребна е зрелост, воздржаност и одговорност од сите страни. Само така ќе продолжиме да ја градиме Македонија како заеднички дом на сите нејзини граѓани“, вели Стоилковиќ за ЦИВИЛ.

ЦМДТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ