Пешачките зони во Скопје забрзано се претвораат во мини булевари. На Твитер осамна фотографија каде што се гледа дека се искршени заштитните столбчиња кај пешачката патека што води до кај „Жабарот“, односно од спротивната страна на улицата кај Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство.
„Преубави вести дечки! Некој се погрижил и овој дел од кејот што остана да стане аутопут со 4 ленти. Сега ќе можете да си ручкате плескавица кај Жабарот и да си го гледате својот автомобил право во очи!“, објави тветерџиката ТвитеротНаАнаФранк.