Сојузот на здруженија на дијабетичари му посака добредојде на новиот министер за здравство со пет јавни прашања. Според нив, од првото барање одговори поминале 96 дена.
„Поради долго време немање транспаретност на работата на Министерство за здравство, во кое време се случуваа намалување и недостиг на терапија, немање на доволно количини и непуштање на целосна терапија, согласно новите договори за набавка на терпија, како и немање на никаков одговор за нашите барања, ДЕНЕС јавно со 5 прашања му посакуваме добредојде во Министерство за здравство на новиот министер г-дин Азир Алиу“, се вели во краткиот допис од сојузот.
Прашање број 1: Кој и зошто не пушта со целосна количина, сосе 500 нови пациенти на Оземпик?
Прашање број 2: Кој и зошто ги крати количините на Инсулин, Рајзодек и Новомикс 30 и кој, без никаква наука, наложува аптеката сама да врши замена за 9.000 пациенти на кои им вршите промена без консултации?
Прашање број 3: Кој сака да ги заменува нашите 40.000 животи и нашето здравје за дневни „игри и суета“ или можеби за штедење на буџет?
Прашање број 4: Зошто не се реализира наводно 30% зголемена количина по новиот тендер за достава на ТЕРАПИЈА (инсулин и анти-дијабетна) низ Државата? Ние ли „злоупотребуваме“ терапија или?
Прашање број 5: Колку време им треба на Национална комисија за дијабетес и заменик министерот заедно со службите, да одговорат на нашите барања за минимум стандарди и критериуми за набавка на ленти и Сензори? Или некој пресметува без нас и мисли дека така ќе поминете со набавка!?
ДЦМ