Денеска се навршуваат и точно пет месеци од големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 млади лица, а над 200 се здобија со физички и психички повреди.
Во Кочани, денеска ќе се одржи осумнаесетиот марш на ангелите.
Маршот ќе почне во 18:05 часот – време што симболично ја претставува доцната и фатална институционална реакција.