• Latest

Петровска: Армијата на дело покажува дека е способна и мотивирана, се уште не e донесенa одлука за учество на Армијата во засилување на источната линија на НАТО

April 11, 2022
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Петровска: Армијата на дело покажува дека е способна и мотивирана, се уште не e донесенa одлука за учество на Армијата во засилување на источната линија на НАТО

April 11, 2022 13:50
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лесниот пешадиски баталјон, кој е составен дел на Првата пешадиска бригада е борбено способен да ја извршува својата мисија, е оценката која ја доби оваа армиска единица по вежбата „Блесок 22“ која заврши денеска со демонстрација на тактичка вежба на Денот за високи гости, реализиран на полигонот „Криволак“,пренесува прес службата на Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето обраќање пред заменикот на претседателот на Собранието, Горан Мисовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски и военото раководство истакна дека способностите на Армијата не се само зборови на хартија, туку вештини на дело.

„Армијата на Северна Македонија на дело покажа дека е способна и мотивирана. Дека функционира според највисоките НАТО стандарди. Лесниот пешадиски баталјон е првата поголема единица која беше оценувана според стандардите за оценување на борбена подготвеност на НАТО, по членството на државата во Алијансата. Можеме да одиме со исправена глава, зашто покажавме дека сме на одличен пат да ги исполниме сите зацртани НАТО цели на способности“, рече министерката.

Петровска истакна дека над 1.100 армиски припадници во периодот од 3 април до денеска изведоа нешто помалку од 60 вежбовни настани и инциденти и за секој од нив беа успешно оценети.

Министерката порача дека оваа вежба е важна и затоа што оценувањето беше вршено од домашен набљудувачки тим, под супервизија на набљудувачи од НАТО. Во тимот, 85 проценти се сертифицирани НАТО набљудувачи, што го надминува НАТО стандардот од 50 проценти.

„Професионалноста и посветеноста на нашата Армија денеска доби уште еден печат – нашиот Лесен пешадиски баталјон е оценет како „борбено способен за извршување на својата мисија“ според најстрогите НАТО стандарди под мониторинг на искусни набљудувачи од НАТО – Алијансата. 85 проценти од домашните оценувачи се сертифицирани согласно највисоките стандарди на Алијансата, што драстично го надминува НАТО стандардот од 50 проценти сертифицирани домашни набљудувачи. Ова покажува дека Армијата постојано се развивала, ги градела своите капацитети, вложувала во своите професионалци“, подвлече Петровска и се заблагодари за сојузничката поддршка од САД и ОК кои помогнаа припадниците на Армијата да го постигнат овој резултат.

Министерката рече дека Министерството и Владата продолжуваат со инвестициите за развој на армиските капацитети. Годинава, над 30 проценти од одбранбениот буџет е наменет за инвестиции и модернизација на Армијата, средства за нашите војници, за подобри услови во касарните, нова и софистицирана опрема и уште повеќе вежби и обуки.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им оддаде признание на припадниците на 2.пешадиски баталјон, 1.пешадиска бригада и Командата за операции и воедно изрази благодарност до Министерството за континуираната поддршка во сите фази на подготовки за создавање на предуслови за реализација на оваа вежба и оценувањето кое беше реализирано изминатата недела.

„Успешното оценување на нашата втора декларирана единица во Армијата за НАТО водени операции е навистина големо достигнување, за кое сите ние сме горди. На сите нас, припадниците на Армијата, во поддршка со надлежните институции ни останува процесот на модернизација и опремување соодветно да го одржиме и надградиме, со што единицата ќе биде подготвена да одговори во секој момент на сите претстојни предизвици“, рече генералот Ѓурчиновски.

Вежбата „Блесок 22“ е национална теренска вежба која се реализираше од 3 до 11 април на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ во Штип и касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец. Вежбата е организирана и се реализира со цел оценување на борбената подготвеност согласно декларираните цели на способности на лесен пешадиски баталјон согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО. Реализацијата на вежбата се одвиваше според фиктивно сценарио со креирани настани и инциденти кои овозможија единицата да се оцени согласно НАТО стандардите.

Министерката Петровска на средбата одговараше на новинарски прашаља.

Се уште таква одлука немаме донесено и како што се уверивме и од денешната вежба ги демантиравме сите скептици дека нашата Армија не е подготвена. Но, таа одлука ќе се донесе во периодот согласно со координацијата со НАТО-Алијансата и ако донесеме и кога ќе донесеме секако дека ќе ве известиме,  одговори министерката Петровска на  прашањето дали припадници на Армијата ќе учествуваат во засилувањето на источната линија на НАТО-Алијансата.

На прашањето дали е испорачана помош во Украина, министерката Петровска информира дека се  испорачува во повеќе фази.

– Се разбира дека заради специфичноста и доверливоста не го соопштуваме тоа, но ги соопштивме двете одлуки кога донесовме одлуки за тоа, изјави министерката за одбрана Петровска денеска на армискиот полигон Криволак, каде се одржуваше Денот за високи гости на вежбата БЛЕСОК 22.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ