• Latest

Петровска: Го чествуваме јубилејот „30 години Армија“ со Армија која забрзано се модернизира и одбрана која силно се развива

August 15, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Го чествуваме јубилејот „30 години Армија“ со Армија која забрзано се модернизира и одбрана која силно се развива

August 15, 2022 14:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Плановите за одбележување на Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“, како и текот на модернизацијата на Армијата и развојот на одбраната беа темите на кои денеска во Министерството за одбрана, министерката Славјанка Петровска ги брифираше уредниците и новинарите од секторот одбрана, информираат од Министерството за одбрана.

„Во изминатите 30 години Армијата постигна многу. Денеска Армијата е наша национална гордост, дел од најмоќниот воено-политички сојуз – НАТО Алијансата. Тоа е Армија која забрзано се модернизира и тоа веќе станува видливо. Во среда на Воениот стадион, ќе бидат изложени првите 6 нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на подобрувањето на борбената готовност на Армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана нова пратка, од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно договорот. Продолжуваме и со набавка на други системи кои ни се потребни, набавка на специјални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против-воздушен одбранбен систем, а во наредниот период ќе започнеме и со обнова на нашата воздухопловна компонента“, порача министерката Петровска.

Таа додаде дека во дијалог со синдикатите донесени беа најновите измени во Законот за служба во Армијата со кои војниците, подофицерите и офицерите заслужено добиваат одлични услови за работа и повисок животен стандард. Петровска го спомена правото на стекнување на правото на пензија со навршени 40, односно 38 години за армиските припаднички во висина од 80 проценти од најповолните 10 години работен стаж, можност за исплата на отпремнина за професионалните војници кои ја напуштаат Армијата со навршени 45 години возраст, во висина од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година мината во служба, право на станарина од моментот на пристапување во Армијата, исплата на боледување во висина од 100 проценти од платата и воведувањето на поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критичните специјалности за Армијата.

Во контекст на одбраната, министерката посочи дека таа се трансформира согласно стандардите на НАТО, стратегијата НАТО 2030 и новиот Стратешки концепт на Алијансата.

„Нашата основна цел е: Безбедни дома, одговорни во НАТО! Изработивме Концепт МКД Одбрана 2030, кој се состои од три главни столбови и пет мисии. Ова ја покажува нашата одлучност да бидеме активна членка на Алијансата“, потенцираше Петровска.

Министерката информираше за одбележувањето на три-деценискиот јубилеј на Армијата преку неколку настани, од кои го потенцираше отворениот настан со граѓаните, на 17 август во 18.30 часот на Воениот стадион. Порача дека во заедничко дружење со граѓаните кои најголема доверба имаат токму во Армијата, презентирана ќе биде најновата опрема, новите оклопни транспортери, вештините на армиските специјалци, а тоа ќе биде проследено и со музички изведби на воениот оркестар и повеќе изведувачи кои тоа го прават бесплатно, водејќи се од почитта и љубовта кон Армијата.

Петровска им се заблагодари на сите досегашни министри за одбрана, началници на Генералштаб, сите генерали, но и сите вработени во одбраната и во Армијата, за нивниот придонес во развојот на она што претставува столб на нашата држава, а благодарност упати и до претставниците на медиумите кои секогаш одговорно и професионално известуваат за одбраната и Армијата.

Одговарајќи на новинарски прашања, Петровска изјави дека одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО, и сме дел од колективниот систем на безбедност.Од безбедносни причини тие се класифицирани,

-Од првата одлука до сега се донесени само три одлуки за донација кои се класифицирани од безбедносни причини. Тие содржат внатре детали што и каков вид на опрема и во која количина се донира. Од првата одлука кога ја донесе Владата на својата седница на предлог на Министерството за одбрана, во јавноста беше искомуницирано и соопштено дека носиме одлука за донација и во сите три случаи се следеше тој пример, притоа информацијата која што беше споделена експресно со јавноста е дека донесовме одлука за донација на воена опрема и вооружување за потребите на украинската армија. Детали не беа соопштени од безбедносни причини, но тоа не значи дека кога ќе направиме проценка дека не постои никаков безбедносен ризик тие три одлуки ќе бидат соодветно декласифицирани и јавноста апсолутно ќе знае точно што во која количина и каков вид на опрема и вооружување сме донирале кон Украина, рече Петровска

За коментарите и шпекулациите во јавноста кои настанале околу одлуките на Владата, министерката истакна:

-Одлуката која ја донесе Владата апсолутно претставува одлука на суверена и самостојна држава, без оглед на тоа што сме членка на НАТО и сме дел од колективниот систем на безбедност, но Владата сметаше дека во услови кога една друга суверена независна и самостојна држава – Украина е нападната треба да помогнеме водејќи се од општите принципи на самостојност.  Од тие причини мотовирани ја донесовме одлуката за поддршка на Украина во опрема и вооружување, затоа што  Украина е државата коа што беше нападната и која што се брани од агресија, посочи Петровска.

Министерката потврди дека дел од таа донација се и тенковите, без да соопшти во колкав број и во која количина е донацијата. Таа подвлече дека тие не се веќе дел од формацијата на Армијата, и не се потребни и  при носењето на политичките одлуки апсолутно било земено предвид мислењето и првенствено бил консултиран Генералштабот на Армијата, како одговорни за гарантирање на борбената готовност на нашата држава.

-Сите барања кои се однесуваат на донација од каков било вид или каков било вид на отуѓување на опрема која ние ја поседуваме, апсолутно се во координација со ГШ на Армијата и по нивни добиени позитивни мислења дека таа опрема е неперспективна, непотребна на нашата армија, се отуѓуваат во соодветна постапка или во случајот со тенковите со донација. Така што ги демантираме апсолутно сите шпекулации дека со оваа донација или која било друга претходно, се нарушува борбената готовност на нашата Армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ