• Latest

Петровска го демантира Чулев: Личните карти на неколку граѓани во Штип се одземени поради долг а не поради поткуп

July 10, 2020

Уставен суд не поведе постапка за Правилникот на ДИК

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Илјадници Палестинци бегаат додека израелските трупи навлегуваат во градот Газа, што предизвика широка меѓународна осуда

September 17, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Џејмс Рубин го заврши тридневното сведочење за судењето на поранешните лидери на УЧК; Воведувањето задолжителна воена служба во Србија го враќа стравот кај Албанците во Прешевската долина

September 17, 2025
Претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Велика Британија Кир Стармер го потпишаа Стогодишниот договор за партнерство на 16 јануари. Фото: Скриншот од видео на
DD India

Украинскиот парламент го ратификуваше договорот за 100-годишно партнерство со Обединетото Кралство

September 17, 2025

Молдавската полиција заплени милион евра за купување изборни гласови – Русија под сомнеж

September 17, 2025
Photo by Maxim Hopman on Unsplash

Обид за убиство во Струга: Ги тепале со шипки, а потоа пукале со пиштол

September 17, 2025

Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на операција на срце, извештајот ќе биде јавно објавен

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Гардијан

Видео со Трамп и Епштајн проектирано на замокот Виндзор пред посетата на американскиот претседател, четворица уапсени

September 17, 2025
фото: страница Убијците на Кочани

Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Петровска го демантира Чулев: Личните карти на неколку граѓани во Штип се одземени поради долг а не поради поткуп

July 10, 2020 13:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска ја демантира информацијата на министерот Наќе Чулев дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ.

„Во врска со фејсбук објавата на техничниот министер Чулев, а во интерес на објективно известување на јавноста поврзано со извршениот претрес во објекти во Штип за наводен поткуп Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже.

Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО. Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија , а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели.

Ги повикувам професионалните и чесни припадници на Министерството да не подлегнуваат на партиските притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување на факти“, објави Петровска.

Претходно Чулев на Фејсбук објави дека „Oд страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во текот на вчерашниот ден беа преземени мерки и активности за расчистување на кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ при што до основното јавно обвинителство е доставено известување и побарани се насоки за преземање на дополнителни мерки и дејствија заради целосно документирање и докажување на кривично-правниот настан.

Имено, по добиени оперативни информации дека лицето Д. А. од Штип поседува патни исправи и лични карти од повеќе НН лица од ромска националност кои биле држени како залог за настанат долг во неговата прехранбена продавница, а кој долг наводно би им бил подмирен доколку истите на денот на изборите гласаат за политичката партија СДСМ, од страна на ОЕК при СВР Штип од Судија на претходна постапка од Основен суд Штип побарана и добиена е наредба за претрес на дом и други простории кај конкретното лице со цел обезбедување на материјални докази и целосно документирање на настанот. При извршениот претрес во прехранбената продавница на лицето биле пронајдени 4 тетратки во А4 формат во кои имало список со имиња, 69 биометриски лични карти, 18 биометриски патни исправи, 18 стари патни исправи, 6 стари лични карти, 1 дозвола за престој и 1 здравствена легитимација, за кои постои основано сомневање дека се предмет на Кривично дело ,,Поткуп при избори и гласање“ од чл.162 од КЗ. Пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети се одземени од лицето Д. А., а во просториите на СВР Штип со конкретното лице извршен е разговор во однос на околностите поврзани со пронајдените предмети.

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право“, објави Чулев.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    219 shares
    Share 88 Tweet 55
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ