• Latest

Петровска: Лицата кои носат униформа подалеку од политиката, нужна е трансформација на професионалното образование и обука

May 10, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Лицата кои носат униформа подалеку од политиката, нужна е трансформација на професионалното образование и обука

May 10, 2022 13:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воената академија ги следи и ќе продолжи да ги следи чекорите и да се вклучи активно во едукација во која ќе произлезат уште повеќе идеи, проекти, јавни политики и документи што ќе ги даваат контурите на целосно заокружување на борбените способности на одбраната. Воената академија и Генералштабот потребно е да соработуваат уште повеќе за на крај да се добие производ, за кој нема да има потреба од дополнителна обука и веднаш по дипломирањето питомците ќе бидат подготвени да ги преземат нивните должности, пренесува МИА.

Ова е една од пораките на министерката за одбрана Славјанка Петровска, што ги упати на денешната научно-стручната трибина „Три децении Армија, три децении воено образование, научени лекции, реалност и перспективи“ на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје.

Таа беше децидна дека сите лица кои носат униформи треба да бидат далеку од политичките партии затоа што, како што истакна, носењето униформа и дневната политика не одат заедно. Во таа нивна заложба Петровска вети дека ќе им биде сојузник.

Потенцирајќи ја важноста на обуката за лидерство и менаџмент, министерката Петровска порача и дека тоа е сегмент каде треба да се посвети особено внимание, со цел да се добијат офицери подготвени веднаш да одговорат на потребите на Армијата.

– Никаде праксата на лидерство не е толку важна, како што тоа е важно во секторот на одбраната, истакна министерката за одбрана.

Кога навршуваме три децении самостојна македонска одбрана ќе мора да си погледнеме во очи, рече Петровска, и да ја истакнеме нужната потреба од длабока трансформација на професионалното образование и обука во одбраната. – Главната задача на нашиот професионален едукативен систем е да го подготви персоналот во обраната успешно да се справи со поширокиот спектар на предизвици во одбраната и безбедноста, додаде таа.

Основна задача, потенцира Петровска, е да се подготват лидери во безбедносното опкружување во 21 век кои ќе бидат оспособени да функционираат во услови на зголемена неизвесниот.

Таа побара да се ревидираме наставните планови и програми и да се дополнат темите што се изучуваат, да се ажурираат концептите, приодите и технологиите.

Министерката за одбрана Петровска најави дека ќе престои ревидирање на многу клучни стратешки документи, што се веќе донесени, а некои од нив застарени.

– Сите вие сте добредојдени да учествувате во нивната ревизија. Затоа што ако какви било процеси во Министерството водиме изолирано и ги водиме сами или ги водам јас за своја лична промоција тие однапред ќе бидат осудени на неуспех. Тоа не е мојата заложба. Мојата заложба е да имаме и работни состаноци коишто ќе ги чуеме вашите забелешки, коментари и секако критики секогаш добредојдени за тоа каде и како треба да се развива нашата одбрана, им рече Петровска на присутните поранешни началници на ГШ, министри за одбрана, генерали и останати присутни.

Новите генерации на кои сите ние веруваме и вложуваме, оцени Петровска, мора да имаат поголеми познавања од раководењето и командување, но и од областа на економијата, технологиите, комуникациите, лидерството и менаџментот.

Таа смета дека Воената академија како членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ треба уште повеќе да се отвори кон цивилните високообразовни институции од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи, но воедно да ја согледа и потребата од своето место во едукацијата на кадар за другите безбедносни институции и коморски здруженија.

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ја промовираше монографијата „30 години македонска армија, формирање и развој“.

Деканот на Воената академија полковник Митко Богдановски во обраќањето пред присутните нагласи дека Академија константно работи на унапредување на условите, можностите и на подобрување на сите можни капацитети за спроведување на настава на највисоко ниво. Се осврна и на питомците кои доаѓаат на Воената академија од други држави од регионот, што значи, како што рече, дека имаме голема доверба од страна на државите во регионот и сака тоа ниво не само да се одржи, туку и да се подигне.

– Како Воена академија во изминатиот период навистина многу постигнавме. Константно сме учесници, не само како слушатели, туку и како организатори на разни настани во рамки на разни НАТО центри – Анкара, Естонија и други, каде ги нудиме нашите услуги во разни области. Препознаени сме како експерти, кои можат да понудат многу и покажале дека имаат капацитет да помогнат на НАТО во градењето на нивните капацитети, рече меѓу другото Богдановски.

Деканот на Воената академија побара помош во иднина во делот на командно штабните области и потенцира дека без помош од луѓе кои доаѓаат од оперативата и се со големо искуство, не ќе може да се дадат добри кадри.

Тој меѓу другото се заблагодари на поддршката од МО и од Генералштабот затоа што, потенцираше, без нивната поддршка и соработка не би можеле, подвлече, да ги надминат низата предизвици со кои се соочиле во минатото.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ