„Не сум била сопственик на недвижен имот, особено не на хациенда со базен. Имотот што го поседував пред да стапам на било која функција беше отуѓен во 2009 година“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, запрашана за судскиот предмет за клевета против пратеникот Драган Ковачки.
Таа додаде дека во судот приложила цела папка докази и дека очекува пратеникот Ковачки да се појави на главната расправа на крајот на ноември.
„Кога минтата година пред ноември во Собрание беа искажани многу обвинувања на моја сметка за подмитливост, коруптивност при испраќање на мисии, прием на професионални војници, беше посоечно дека јас знам за тоа, го прикривам, дури и дека сум дел. Остро реагирав и го повикав пратеникот да се соочиме на ТВ дуел за да одговорам на сите прашања, кој тој не сакаше да ги постави во мое присуство“ објасни Петровска и додаде дека дуелот, наместо да се разговара за состојбите во армијата, за кои Ковачки тврдел дека се лоши, тој се обидел со невистини да добие рејтинг.
Министерката објасни дека и во текот на емисијата негирала за тоа и го замолила да не продолжува со изнесувањето на вакви лаги и конструкции.
„Не само што продолжи, туку и на неколку последователни прес-конферении излегуваше и тврдеше дека кријам имот и бараше дури и мое разрешување за тоа“ рече Петровска.