• Latest

Петрунова: Зелените вредности во нашето општество се загрозени и потценети

August 26, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Петрунова: Зелените вредности во нашето општество се загрозени и потценети

August 26, 2022 12:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

“Не може генерално да се каже дали има или нема урбана култура, бидејќи некои негативни вредности може да претставуваат урбана култура. Под урбана култура можеме да подразбереме сите вредности, позитивни или негативни кои се негуваат во некое урбано општество. Најчесто, тоа подразбира населба од типот на град. Во однос на зелените вредности како се негуваат во нашето општество, сметам дека се многу загрозени и потценети. Мислам дека не се разбира многу што тоа значи зелени вредности и некој тип на зелена култура“, вели Ива Петрунова, магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, на панел дискусијата на ЗЕЛЕН ЦИВИЛ на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“.

„Кај нас зеленилото најобично се поврзува веднаш со екологија. Не дека не е така. Отворете обичен учебник од основно одделение ќе видите дека таму пишува дека зеленилото го прочистува воздухот и благопријатно делува, меѓутоа не е само тука улогата на зеленилото бидејќи природата создава еден сплет на многу покомплексни вредности од тоа. Влијае на тоа како раснат децата што се во природа во однос на оние што живеат во урбана средина. Позитивно влијае и на многу модерни психички болести од типот на депресија анксиозност“, објасни Петрунова.

Зеленилото практично не учи на еден природен процес на живот, наспроти ова наше постмодерно и  општество на конзумеризмот, каде учиме дека сѐ може да добиеме многу брзо и цело време сме во некоја трка, додека оние општества кои се повеќе изложени на природата ја имаат таа смиреност, бидејќи на некое потсвесно ниво црпат од природата, какви се животните процеси. Природата има многу широк опсег на вредности од кои ние треба да учиме и кои се всушност многу природни за нас. Треба само да ги воочиме, а тоа треба да ни биде дозволено од нашето опкружување кое е загрозено во моменталната ситуација.

„Природата на самата природа е демократска. Ние сметаме дека демократијата и сите овие вредности за кои зборуваме тргнуваат од општеството и од човекот. Меѓутоа ако земеме да ја анализираме природата ќе видиме дека целата разноликост всушност потекнува од природата. Ние имаме цели синџири на исхрана, каде ако тргнете само едно суштество од тој синџир на исхрана целтата природа се пореметува. Во таа смисла природата нас не учи дека сите заедно формираме една целина и така сме подобро општество“, заклучи Петрунова.

Б. Јордановска

камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети


Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ