М.М.(67) од Скопје вчера во 13 часот пријавил дека во населба Ѓорче Петров на улица „Новопроектирана“, на околу 5-6 метри од патот, пронашол огнено оружје пиштол.
Од МВР соопштија дека од страна на полициски службеник излезено е на местото на настанот, при што е утврдено дека станува збор за пиштол марка „Берета“.
Оружјето е подигнато за понатамошна постапка.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини