• Latest
Војо Маневски

Писма, пораки и патокази

June 16, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Писма, пораки и патокази

June 16, 2021 10:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ 

Светот од секогаш го сметал времето, пред и по големите промени или, според некои документи што битно го измениле вообичаениот тек на работите. Подоцна историчарите таквите акти ги поставувале во потребните историски фиоки, давајќи им премала или митска важност. Не е тешко за последните стотина години да се набројат таквите камен темелници, според кои се поставува редот на работите што ни се случуваат во нашето отслужување на историските теченија.

Редицата за минатиот век започнува со Крушевскиот манифест, За македонцките работи, Букурешкиот мировен договор, Oбзнаната на крал Александар, па до писмото за Стојан и повикот за востание. Редот на документите оди преку АСНОМ и Четирите устави на Југославија.

Независноста ја почнавме со референдум, нов Устав, а Европа ни додaде и Лисабонска декларација. Кога се дограбивме до новиот милениум, направивме Охридски договор, па разни партиски договарања со важност на закон и дојдовме до нов референдум и Преспанскиот договор, за да не заборавиме на патоказот, потпишавме и договор за соработка и добрососедство со Бугарија. И после сите тие одредувачи на правецот, дојдовме до претседателската наредба на Бајден.

Од сите овие камени одредници, нашата држава се повеќе ни личи на археолошко наоѓалиште. Каде и да мрднеш некој историски камен се појавува и те упатува на некаков пат. Обичниот свет веќе ни патот не може да го изоди, а да не се препне од некој таков камен. Ај што мора да се движи низ прашината и калта на патот, мора да пресконува и крупни камени препреки. Додуша вековната мудрост често го води кон заобиколување на препреките, но тие некогаш мора и да се прескокнуваат. Скокањето и не е тешко, но доскокот на две нозе често е ризичен. Посебно кога скокнеш со опинци, а сакаш да досконеш во италијански чевли. А политичарите наши имаат веќе извежбана дисциплина на скокање од камен на камен и оп ни прашливи ни калливи стигнуваат на целта.

Во последната порака на претседателот на најмоќната држава во светотот ни е нацртан повторно таков камен темелник-одредник. Некои од нашите јавни личност сакаат да го дешифрираат како да се работи за каменот од Розета и му даваат сопствено значење и нови „неоткриени“ писма.

А дури и несовршената американска верзија на англискиот јазик ни порачува дека треба да го менуваме курсот според тој патоказ. Во право се зошто залутавме во сива економија, во корупција и нарушување на правата и достоинството на граѓаните. Место со закон предвидените постапки ние бараме начини да ги заобиколиме. Една третина од она што како граѓани го заработиме оди низ црни текови во приватни џебови. Место на работа идеалот ни е канцеларија каде ништо не се работи, а се зема плата. Место достојните ги бираме „ред“ да ни ставаат послушните. Склучуваме договори кои ги ставаме во архива на Обединетите нации, а потоа по крстосници и кружни текови не ги признаваме. На раскрсниците и може да раскрстиме со некои правци, ама со кружните текови не се снаоѓаме. Постојано се вртиме во круг.

Никако да сфатиме дека патриотизмот е за малите народи за да ја зачуваат својата посебност. Тој е како анти тела во борбата со вирусот, ама национализмот за малите народи е исто како кога на малолетник ќе му дадеш да се качи на моќен мотор. Ем се две тркала и тешко се одржува рамнотежа, ем се вози со голема брзина, па резултатот е тешка сообраќајна несреќа што може да го сопре сообраќајот на одредено време. Штом тоа не го сфаќаме мора да ни се прати порака дека правиме штета со прекинот на сообраќајот и тоа нема да ни се дозволи. А за пораката од Вујко Сем важи правилото „кој разбрал ќе се подразмисли, кој не разбрал ниту нај широкото толкување на текстот нема да му помогне“. Сметката за сопирање на движењето по зацртаниот пат ќе мора некој да ја плати.

А искуство со значајни пораки и писма имаме доволно. Останале во народот сеќавањата за нив низ приказните.

– Во седумдесеттите години од минатиот век, авангардата на работничката класа, дошла до заклучок дека е потребна смена на генерацијата политичари, зошто застојот во изградба на социјализмот е евидентен. За таа цел се испрати писмо до работните луѓе и самоуправувачи. Народот го нарече Писмото на Тито за смена на лакомите директори. Се читаше на состаноци во вечерните часови и се толкуваа пораките во него.

Случкава морам да ја опишам на јазикот што се зборува во паланечкиот крај, заради автентичноста и посебното значење на зборовите.

Директорот на Градежното претпријатие „Паруца“, загрижен, некој да не го препознае во насоките од „горе“, почнал да доаѓа на работа рано наутро и тоа прв. Гледал кој од трудбениците доцни на работа. Стоиле со модра капа и работничко одело на чиј грб го пишува името на работната организација, доцни десеттина минути.

Директорот со намера да го прекори самоуправувачот го прашува строго:

  • Стоиле куде си ти, што касниш на работу?
  • Извини директоре синоќа писмо.

Ааа добро, добро и треба да се разгледа писмото од ЦК, само правилно да процените што во него пишува.

По два дена на истото место и на исто растојание повторно истото прашање.

  • Стоиле е с’к за што касниш?
  • Писмо директоре и да знаеш не ми е л’сно глава ми оволика.

Значи нешто влегува во неа од писмото на другарот Тито до работните луѓе. Така и треба, внимателно да се чита писмото Стоиле од голема важност е.

И третиот пат директорот стои на влезот од портирницата, а Стоиле доцни повеќе од половина час. Потемнет со натечени очи и неисчеслана коса едвај го приметува директорот.

  • Е, с’к бе Стоиле, па ли писмо?
  • Остави директоре, овај пут преписмо. Писмо, писмо, па преписмо.

Нема да го објаснувам значењето на говорот на кривопаланчани. Јасно е како и писмото од Америка, само треба да се знае да се чита.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ