• Latest
Фотомонтажа: Фронтлајн

Писмата на Али Ахмети – напор на ДУИ да создадат кауза!

October 28, 2024
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Писмата на Али Ахмети – напор на ДУИ да создадат кауза!

October 28, 2024 12:51
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Писмата на лидерот на Демократската Унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети се дел напорите на ДУИ да создадат кауза, во која себе ќе се претстават како бранители на Албанците, ова е проценката на политичките аналитичари за писмата на лидерот на интегративците упатени до високи меѓународни лидери за како што соопштија од Мала Речица, заштита на Охридскиот договор.

Политичкиот аналитичар Бесим Небиу вели дека Европскиот Фронт на ДУИ најави протести против Владата уште пред да се формира истата.

Бесим Небиу
Бесим Небиу

Очигледно, додава тој, ДУИ не може да се помири со сопствената опозициска улога, но како искусна партија знае дека ќе има проблем да артикулира сеалбанска кауза во Македонија имајќи предвид дека половина од Албанците се против ДУИ и Али Ахмети, пред се поради багажот од нивното 20 годишно владеење. Затоа протестите најавени за летниот период никогаш не се одржаа.

– ДУИ изгледа процени дека нема да биде во можност да ги омасови. Во тој контекст, Писмата се дел од тој напор на ДУИ и Ахмети да создадат кауза, во која себе ќе се претстават како бранители на Албанците. Јасно е дека меѓународната заедница во овој период не му пружаа поддршка на Ахмети ниту во приказната за етничкиот легитимитет, ниту во наративот за дестабилизација, но Ахмети е секогаш упорен актер, и знае да создаде ситуации во кои ги диктира дневните политички теми во јавноста- така гледам и на епиздава со писмата, изјави Небиу за „Фронтлајн“.

За политичкиот аналитичар Ќенан Алиу, писмото на Али Ахмети е нормална преписка од политичар кој раководи со политички субјект.

Ќенан Алиу

– Сметам дека ова писмо ќе се смета за обично обраќање. Затоа што иако неговата внатрешност содржи некаква загриженост, меѓународниот фактор има акредитирани претставници овде во Република Северна Македонија кои ги информираат за сите дипломатски, политички и безбедносни детали. Загриженоста можеби е природна, но прашањето е каква е всушност политичката реалност, вели Алиу за „Фронтлајн“.

Градоначалникот на Чаир и висок функсионер на Демократското движење на Изет Меџити по писмото на Ахмети вели дека во РСМ не се случило ништо вознемирувачко, само ДУИ отиде во опозиција и Албанците се спасија од неа!

– Во Северна Македонија не се случило ништо вознемирувачко, само дојде до политичка ротација по 22 години и ДУИ замина во опозиција. Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат, реагира Ганиу.

Во објавата на својот фејсбук-профил градоначалникот на Чаир истакнува: Кога ДУИ слабее – Албанците добиваат: албанските семејства се спасија од казината; албанските општини добиваат милиони евра како поддршка за нивните проекти; албанските универзитети добиваат милиони евра за изградба; учениците-Албанци ги добиваат најновите технолошки уреди, за да учат; пензионерите-Албанци добиваат зголемени пензии; наставниците Албанци добиваат зголемување на платите; кога беше слаба ДУИ – нашата земја стана членка на НАТО!

Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата.

Како што денеска соопштија од ДУИ, писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

Ахмети испратил писма и до претседателот и премиерот на Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, претседателката и премиерот на Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Во овие писма, како што соопшти ДУИ, Ахмети ја изразува својата длабока загриженост за најновите политички и уставни случувања во Северна Македонија, кои, како што се посочува, ги загрозуваат достигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во мултиетничката држава.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, кое е приложено во целост во ова соопштение, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

Извор: Фронтлајн / Дестан Јонузи

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ