• Latest

По 618 дена војна во Палестина, пратеникот Реџепи од Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа до Собранието

June 16, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По 618 дена војна во Палестина, пратеникот Реџепи од Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа до Собранието

June 16, 2025 15:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата Европски фронт до Собранието поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа. Пратеникот Скендер Реџепи од Европски фронт на денешната прес-конференција во Собранието соопшти дека резолуцијата е донесена тргнувајќи од основните принципи на човековите права и меѓународното хуманитарно право, моралната и правна одговорност на меѓународната заедница да се спротивстави на кршењето на правото на живот и достоинство на луѓето.

-Алармантаната ситуација во Појасот Газа, која значително се влошува како последица на блокадата и пречките за влез на хуманитарната помош и длабоката загриженост протов страдањето на цивилното население во Газа, особено жените, децата и постарите лица. Затоа предлагавме до Собранието да ја донесе следната резолуција за хуманитарната ситуација во Појасот Газа. Решително ја осудуваме хуманитарната блокада спроведена од Израел врз Појасот Газа и ја сметаме за забранета форма на колективно казнување според меѓународното право. Итно бараме од Израел да овозможи, без одлагање, влез на хуманитарната помош, храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во Појасот Газа, во согласност со меѓународното право, рече Реџепи, додавајќи дека изразуваат длабока солидарност со палестинското население во Газа.

Прашан за трагедијата во Кочани, Реџепи рече дека една од најголемите трагедии во Северна Македонија беше пожарот во Кочани и додаде оти недостасува правда за овој случај.

– Жалосно е дека и Обвинителството и судството традиционално се поставуваат во служба на власта. Во овој случај во служба на премиерот, кој јавно бараше разрешување на јавниот обвинител, а потоа истиот бара одлагање за да му овозможи политичко делување на обвинителот, а не правно како што е задолжен. Затоа во случајот во Кочани имаме истрага за секого надвор од претставниците на власта, што е жалосно за еден правен систем и верувам дека меѓународната јавност треба да биде запознаена со ваков начин на делување каде политички се влијае врз инститициите кои треба да бидат тотално независни, изјави Реџепи. Додаде дека ако е во Скопје, утре најверојатно ќе учествува на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, каде треба да се одржи надзорна расправа „Пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани на 16.03. 2025 година“.

На новинарско прашање за претстојните локални избори и за кандидат за градоначалник на општина Студеничани, Реџепи рече Европскиот фронт е веќе во фаза на преговори и очекуваат што поскоро да бидат финализирани договорите. Најави дека јавно ќе излезат како Европски фронт со одлука.

аз- Сметаме дека токму во општина Студеничани движењето „Попули“ е еден главен фаворит и тоа е наше барање во текот на преговорите, но нема да бидеме пречка за заеднички договор. Ќе бидеме толерантни согласно битните работи кои се во државата, рече Реџепи.

Прашан дали останува во Европски фронт, Реџепи вели дека за него е срамно да му дадат понуда и оти такви понуди, како што рече, повеќе би ме засрамувале отколку што би ми дале некаков приоритет.

Реџепи, одговорајќи на новинарско прашање, појасни дека ако има преговори меѓу претседателот на ДУИ и Таравари тоа се сепак не приватни туку преговори меѓу ДУИ и Тараври и тоа не е во рамки на Европскиот фронт. – Европскиот фронт ќе донесе одлука за било каква соработка, со било која политичка партија, согласно своите интереси и дискусиите кои ќе бидат отворени на јавна дебата, подвлече Реџепи.

Фото скриншот и видео: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    285 shares
    Share 114 Tweet 71
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    106 shares
    Share 42 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ