По денот исполнет со страв, насилство и невиден хаос, Конгресот на САД официјално ја потврди победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, во раните утрински часови денеска.
Обидите на Републиканците да ги оспорат резултатите од изборите само го одложија неминовното. Потпретседателот Мајк Пенс официјално ги прогласи Бајден за избран претседател и Камала Харис за избрана заменик-претседателка на САД.
Бајден и Харис ќе положат заклетва и ќе стапат на должност на 20 јануари, точно на пладне.












