• Latest

По деокупацијата на Херсон, Зеленски вети дека ќе ги истера руските окупатори од Украина

November 13, 2022
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

По деокупацијата на Херсон, Зеленски вети дека ќе ги истера руските окупатори од Украина

November 13, 2022 14:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател  Володимир Зеленски даде ветување дека ќе се бори да ги истера руските сили од неговата земја откако тие се повлекоа од Херсон, оставајќи зад себе пустош, глад и мински стапици во градот. Руското повлекување од Херсон означи триумфална пресвртница во возвраќањето на Украина против инвазијата на Москва што почна пред речиси девет месеци. Жителите на Херсон ги гушкаа и бакнуваа украинските војници кои пристигнуваа како ослободители.

„Ќе видиме уште многу такви поздрави на украинските војници кои ја ослободуваат територијата под контрола на Русија“, рече синоќа претседателот Володимир Зеленски во ноќното видеообраќање и им вети на луѓето во украинските градови и села кои сè уште се под окупација: „Ние никого не забораваме; нема да оставиме никого“.

Повторното преземање на Херсон од Украина беше значаен неуспех за Кремљ и последен во серијата срамови на бојното поле. Тоа се случи шест недели откако рускиот претседател Владимир Путин го анектираше регионот Херсон и три други провинции во јужна и источна Украина – со што го прекрши меѓународното право – и ги прогласи за руска територија.

Амбасадата на САД во Кијив денеска ги објави коментарите на Твитер на советникот за национална безбедност Џејк Саливан, кој го опиша пресвртот во Херсон како „извонредна победа“ за Украина и „прилично извонредна работа“.

Пресвртот дојде и покрај неодамнешната делумна мобилизација на резервисти од Путин, зголемувајќи го бројот на достапни војници за околу 300.000. За руската војска тоа беше тешко да се изведе.

„Руското воено раководство се обидува и во голема мера не успева да интегрира борбени сили извлечени од многу различни организации и од многу различни типови и нивоа на вештина и опрема во покохезивна борбена сила во Украина“, вели Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, тинк-тенк кој го следи конфликтот.

Британскиот министер за одбрана Бен Валас рече дека Кремљ ќе биде загрижен од загубата на Херсон, но предупреди да не се потценува Москва. „Ако им треба повеќе топовско месо, тоа е она што ќе го направат“, рече тој.

Возејќи кон Херсон од регионот на Миколаив, новинарите на АП видоа срушени електрични водови, користени чаури од проектили и распаднат труп на крава. Неколку уништени тенкови се наредени по калливиот пат.

Додека украинските сили денеска ја зацврстуваа контролата врз Херсон, властите размислуваа за застрашувачката задача да ги исчистат експлозивните направи и да ги обноват основните јавни услуги во градот. Еден украински функционер ја опиша ситуацијата во Херсон како „хуманитарна катастрофа“. На преостанатите жители во градот им недостасува вода, лекови и храна. Има недостиг од клучните основни работи како што е лебот поради недостиг на струја.

Украинската полиција ги повика жителите да помогнат во идентификувањето на соработниците на руските сили за време на осуммесечната окупација. Украинските полицајци вчера се вратија во градот, заедно со јавните радиодифузни сервиси, по заминувањето на руските војници. Началникот на националната полиција на Украина, Ихор Клименко, вчера на Фејсбук објави дека околу 200 полицајци работат во градот, поставувајќи контролни пунктови и документирајќи докази за можни воени злосторства.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ