Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, преку социјалните мрежи објави дека е позитивна на КОВИД-19 и по две примени вакци.
„Вчера“, како што пишува, ”по некои мали здравствени проблеми бев тестирана и излегов позитивна на КОВИД-19. Почитувајќи ги здравствените протоколи, следните денови ќе останам во самоизолација примајќи ја потребната терапија“.
Арифи објави дека има малку зголемена температура и болки во коските.












