• Latest
Фото: МИА

По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане функција, таа најавува можна оставка

January 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По интерпелацијата на Илире Даути, партиите со свои ставови дали треба да остане функција, таа најавува можна оставка

January 14, 2025 08:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Неизвесно е дали Илире Даути ќе остане или ќе биде сменета од функцијата претседател на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади откако во петокот помина нејзината интерпелација поднесена од Левица. Политичките партии вчера излегоа со свои ставови околу ова прашање откако во петокот по изгласаната интерпелација, од Кабинетот на претседателот на Собранието излегоа со став дека изгласаната интерпелација нема правно-обврзувачки карактер.

Од опозициската СДСМ побараа од претседателот на Собранието Африм Гаши да ги каже следните чекори што ќе ги преземе, а од Движењето ЗНАМ, кое е дел од владината коалиција, побараа од Европскиот фронт да предложи нов претседател на Комисијата бидејќи претседателското место во оваа Комисија му припаѓа на Европскиот фронт. Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која исто така гласаше за интерпелацијата на Даути, вчера рекоа дека нивниот став го кажале во петокот со чинот на гласањето.

Исплашен од изборен пораз, Христијан Мицкоски се обидува да ја внесе државата во политичка криза. 

Според СДСМ, не може интерпелацијата да нема правни проследици.

– Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори, посочија од СДСМ.

И за Движењето ЗНАМ е нелогично Даути и понатаму да ја извршува функцијата претседател на Комисијата кога е изгласана интерпелацијата.

–  За нас, колешката Даути повеќе не може да биде претседател на оваа Комисија и Европскиот фронт кој по внатрешната прераспределба и по координацијата што ја имаме направено го има добиено тоа место, треба да предложи нов кандидат за оваа функција. Ако вие го имате највисокиот демократски институт со кој можете да извршите контрола на некој што извршува јавна функција, а тоа е интерпелацијата, сосема е нелогично откако ќе изгласате интерпелација, односно ќе утврдите кај некого одговорност, дека не ги почитувал Уставот и законите или собранискиот Деловник и дека не постапувал совесно во вршењето на работата, потоа тој да може да остане на таа функција. Практично, ако со гласањето нема понатамошни обврзувачки правни последици, тогаш џабе сте утврдиле прекршок ако за тој прекршок нема санкција, изјави Бобан Карапејовски од ЗНАМ.

Пратеникот Бобан Карапејовски од Движењето ЗНАМ „За Наша Македонија“ изјави дека сѐ уште немаат заземено став како ќе гласаат за интерпелацијата на собранискиот спикер, Африм Гаши, и дека ќе

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот став по ова прашање се огледува во начинот на којшто гласале во петокот.

– Јасно е изразен нашиот став со позитивното гласање за интерпелација – 61 глас со кој што се бара одговорност за работата е доволно јасно искажан став, изјави вчера пратеникот Миле Лефков.

Од коалицијата „Влен“, во која се обединети албанските партии кои се дел од власта, велат дека имаат забелешки на работата на Даути, но дека нема да поддржат иницијативи на Левица.

– Потврдувам дека Илире Даути беше претседател на Комисија и ќе остане претседател на Комисија. Можеби имаме многу забелешки за Даути, но кога има иницијатива од Левица ние сме против и затоа ќе ја поддржиме, изјави вчера вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Преку писмено соопштение вчера се обрати и самата Даути која истакна дека соочена со изборот меѓу губењето на функцијата претседател на Комисијата и дејствување под диктат, не се сомнева дека ќе ја прифати слободата на дејствување како пратеничка.

– Изгласаната интерпелација во Собрание, така како што е изгласан заклучокот, значи мое разрешување или мое дејствување под диктат на Левица и ВМРО. Соочена со изборот помеѓу губење на функцијата претседател на Комисијата и дејствување под диктат, според условите поставени од Левица и предложени како Заклучок од Африм Гаши, не се сомневам дека ќе ја прифатам слободата на дејствување како пратеничка, како што сум направила до сега, слободно и независно. Секој граѓанин треба да биде таков, без разлика на различноста што ја имаме, вели Даути.

Илире Даути, пратеничка на „Европски фронт“ и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска во изјава за медиумите истакна дека интерпелацијата под

Доколку Даути поднесе оставка, тогаш на нејзино место треба да биде избран нов претседател што треба да биде предложен од страна на Европскиот фронт, бидејќи ова место му припаѓа токму нему. Според дел од медиумите, најверојатно денес или утре ќе се состане коалицијата Европски фронт за да се донесе одлука кој ќе биде предложен за претседател на собраниската Комисија за социјална политика.

Интерпелацијата за Даути беше поднесена во ноември 2024 година од страна на Левица за несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување со неставањето на Предлог-законот за бранители на разгледување. Интерпелацијата беше изгласана во петокот на пенарна седница. Пратениците од СДСМ не присуствуваа на седницата на која на дневен ред имаше уште четири интерпелации за владини функционери, а против гласа пратениците од коалицијата „Влен“.

Tags: Илире ДаутиинтерпелацијаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ