• Latest

По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот во винаријата Чардак на „Боемска“

June 5, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот во винаријата Чардак на „Боемска“

June 5, 2020 16:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривични пријави најави дополнителнта заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска за сите инволвирани во случајот со угостителниот обект на улицата „Боемска“ во Скопје. Кривични се најавени како за правното лице во кој е вршена инспекцијата, а која првично била попречувана, но и за лицата кои се наоѓале во објектот во тој момент. Сите четири лица кои биле присутни таа вечер во објектот се идетификувани, според искази на очевидците, а едниот од нив како што веќе и е познати на јавноста бил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Кривична пријава за попречување службени дејствија и непочитување на мерките на Владата ќе биде поднесена од страна на МВР за угостителскиот објект на улицата „Боемска“  во Скопје по комплетирање на доказите и утврдување на одговорност, соопшти денеска  на прес-конференција Петровска.

Таа информираше дека на 3 јуни инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење на вонреден инспекциски надзор  во угостителските објкети кои се сместени на улицата „Боемска“, дали ги спроведуваат мерките за спречување на ширење на вирусот  Ковид 19, биле попречени, односно не им било дозволено да го извршат надзорот во внатрешниот дел на  еден објект.

-При обидот да се изврши надзор во угостителскиот објект Чардак од страна на вработени во  внатрешниот дел на објектот на инспекторите не им било дозволено  со образложение дека немаат клуч од тој дел. Кога инспекторите се оддалечиле од објектот и преминале на другите објкети забележале дека токму од внатрешноста излегуваат неколу лица. Потоа тие се вратиле во објектот и инсистирале да им биде овозможено  да се изврши надзорот согласно законските  прописи, истакна Петровска.

МВР преку јавување на еден од очевидците упатува полициски службеници на местото на настанот.

-По пристигнувањето на лицето кое се претставило, како еден од сопствениците на  објектот истото го отворило горниот кат, поточно винаријата Чардак при што инспекторите извршил увид  во просторот, не биле затекнати  гости, но во истиот имало користени садови и чаши остатоци од храна, на што упатувало тоа дека внатрешниот дел сепак бил користен од  некого, појасни дополнителната заменик министерка.

Информираше дека бил известен јавен обвинител од кого е добиена  дозвола за одземање на уредот за снимање на безбедносните камери во објектот.

-По добиената наредба за одземање присутниот сопственик дал исказ дека  дивидијарот бил украден но дека не се сеќава кога. За ова е известен јавен обвинител и во координација на судија во претходна постпака  добиена е наредба за претрес на објектот. По направениот претрес на објектот најден е уредот за снимање на безбедносните камери и истиот со наредба е одземен. Согласно наредбата од јавниот обвинител  во моментов се врши негово всштачење  со цел да се утврди, односно потврди  присуството на лицата во објектот, истакна Петровска.

Според неа, во непосредна близина на објектот како и во самиот објект забележани биле полициски службеници, кои по опис на своите  работни места не требало да бидат присутни таму и дека тоа предизвикало сомнеж за нивната намера  и со оглед на тоа дека станува збор  за фреквентно место повикани биле полициски службеници од единицата за брзо распоредување, како превентивно обезбедување на просторот.

-Овој случај кој говори за свеста и  совеста на оние кои во време на пандемија ги прекршуваат  мерките за заштита. Ова не е политички случај. Ова е настан во кој се сторени кривични  дела и заради тоа по комплетирањето  на доказите ќе биде поднесена кривична  пријава односно кривични пријави против сите кои тоа го сториле, истакна Петровска и додаде дека одговорност мора да има, морална за која ќе суди јавноста  и кривична за која ќе суди судот.

Од исказите на очевидците, истакна Петровска, идентификувани се сите четворица  присутни во внатрешноста  на објектот.

-Притоа значи мислам на очевидци вработени во објектот и по потврдувањето на снимките нивните имиња ќе бидат соопштени. Можам да потврдам дека едно од лицата  е поранешен функционер во Владата, односно во МВР  и еден е полициски службеник. Поранешен функционер Е актуелен полициски службеник, припадник на Министерството, додаде Петровска.

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ