• Latest

По повод Денот на Европа пред ГОБ „8 Септември“ се кренаа знамињата на земјава и на ЕУ

May 9, 2020

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По повод Денот на Европа пред ГОБ „8 Септември“ се кренаа знамињата на земјава и на ЕУ

May 9, 2020 15:08
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на Европа делегацијата на Европската Унија во земјава организираше настан пред платото на Градската општата болница „8 Септември“. Настанот почна со кревање на знамињата на Република Северна Македонија и на ЕУ, по што се оддаде почит со едноминутно молчење за жртвите од Ковид-19.

https://www.facebook.com/261903973987233/videos/241712153588697/

На настанот се обрати премиерот Оливер Спасовски кој истакна дека денес имаме силни и големи причини за славење, да ја славиме големата идеја за Европа.

– Граѓаните на нашата земја го направија изборот и тие се горди на својот избор. Ја избравме иднината, иднината на Европската Унија затоа што е изградена на вредности во кои веруваме и кои ги практикуваме и ние. Ние припаѓаме на европското семејство, формално се уште не сме дел од ЕУ, но го почнавме патот, рече Спасовски.

Тој упати благодарност до сите земји членки на ЕУ и до амбасадорот Жбогар во координирањето на помошта што ја добивме од ЕУ и за постојната, како што посочи, континуирана 24-часовна соработка со нашето семејство ЕУ.

– Република Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата истроија. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските инситутиции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и оваа година ги започнуваме пристапните преговори за членство во ЕУ. Следните чекори се подготвени и ќе работиме посветено со Европската Комисија и Европскиот Совет што поскоро да ја закажеме првата меѓевладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно новата методологија, истакна премиерот.
Со тоа, додаде, ја ставаме нашата земја на експресниот пат од членството во ЕУ затоа што тоа е и наш концепт, концепт заснован на зедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарната економија како и за остварување на фер можности врз темелите на солидарноста.

– Новиот коронавирус предизвика пустош и не соочи со несогледливи предизвици, но донесе и нешто позитивно. Јасно покажа дека европскиот контитент има заедничка судбина. Начинот на справувањето со заразата покажа дека споделуваме иста политичка култура и пракса и го истакна и високото ниво на социо-економска меѓузависност меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан кои имаат силна и непоколеблива намера еден ден да бидат рамноправни членки на Унијата, рече Спасовски, додавајќи дека земјава во овој корона период се уверила оти ЕУ ја сподели грижата и помошта со нашата земја, како да сме веќе членка во европското семејство.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар посочи дека ЕУ конечно ја води иницијативата за собирање средства за развивање на вакцина за Ковид-19 која ќе биде достапна за секого во светот, по пристапна цена.

– Тешките времиња не учат лекции, но исто така го изнесуваат најдоброто од нас, најдоброто во нашето општество, најдоброто од човештвото. Ова е причината зашто денеска го одбележуваме денот на Европа овде пред ГОБ „8 Спетември“ како претставник на сите здравствени институции, рече Жбогар кој им се заблагодари на жените и мажите кои се во првите борбени редови во борба против пандемијата и Денот на Европа го посвети на нив.

Додаде дека од оваа криза излегуваме заедно – актуелните и идните земји членки на ЕУ и ќе научиме од суштинската европска вредност, а тоа е солидарноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ