• Latest

По редовната пауза Собранието ќе продолжи со работа по 20. и 21. седница

November 26, 2020

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По редовната пауза Собранието ќе продолжи со работа по 20. и 21. седница

November 26, 2020 15:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамки на 22 седница без расправа ги усвои одликите за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународната операција на Европската Унија „ЕUТМ RCA“ во Централна Африканска Република, за именување на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, како и за изменување на одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пренесува МИА.

Пратениците без дискусија ги усвоија и одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави, како и одлуката за распишување оглас за избор на народен правобранител, поднесена од Јован Митрески и Арбер Адеми.

Претходно, пред утврдувањето на дневниот ред пратениците со 61 глас за, без ниту еден воздржан или против, одлучија по скратена постапка да биде разгледан Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието на Република Македонија, со што треба да се овозможи пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн, поднесен претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој рече дека сите што имаат забелешки на Предлогот за дополнувања на Деловникот на Собранието, да ги достават и најави дека како предлагач ќе ги разгледа сите забелешки и предлози. Според Џафери, Предлогот, кој е во скратена постапка, по изгласувањето на потребата од носење, треба да помине на Комисија, а потоа пак да се врати на гласање на пленарна седница.

Пратеникот Скендер Реџепи од Алтернатива побара повлекување на точката за измени на Деловникот од дневен ред бидејќи, како што рече, тие не се усогласени со опозициските пратеници, што не беше прифатено од мнозинството.

Пред утврдувањето и гласањето на дневниот ред салата ја напиштија пратениците Левица, по вербалната расправа што пратеникот Димитар Апасиев ја имаше со претседателот на Собранието, Џафери околу можноста за произнесување во врска со дневниот ред, односно дали дискусијата треба да трае три или десет минути.

– Кажете ми по кој член ми кратите седум минути од тоа што имам да го кажам. Член 70 став два вели дека предлагачите се должни да поднесат материјал и да образложат во траење од 10 минути, овозможете ми го тоа, рече Апасиев.

Џафери рече дека Апасиев се повикува на погрешен член од Деловникот. – Член 77 од Деловникот став 1 вели Собранието без претрес се изјаснува за секој предлог за изменување и дополнување на преложениот дневен ред и за предлогот на дневниот ред на седницата во целина. Став два предвидува образложението за предлогот за изменување и дополнување на предложениот дневен ред во траење од три минути, рече Џафери.

Апасиев забележа дека има поднесено писмено точка за дневен ред на седница и оти има право да говори десет минути.

– На 21 октомври Левица има поднесено Декларација. Со вашето рестриктивно толкување на член 69 став два по предлог на опозиција на секоја втора седница се става точка. Во Собранието има 58 пратеници од опозиција, ако одржуваме просечно две седници месечно дали тоа значи дека 116 седници ќе ми требаат мене како пратеник да поднесам закон, што е мое право по Устав, вели Апасиев.

На денешната седница на Собранието не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Собранието Талат Џафери пред редовната пауза ја прекина оваа денешна 22 седница, и најави дека попладнево ќе продолжат со работа прво по точките од дневен ред на 20. седница, по чие завршување би требало да преминат на точките од 21. Дури потоа, рече Џафери, Собранието ќе продолжи со работа по дневниот ред од 22. седница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ