• Latest

По Скопје, Тирана и Приштина, изложба на фотографии од Украина во Белград во организација на Фондација Отворено општество

November 22, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По Скопје, Тирана и Приштина, изложба на фотографии од Украина во Белград во организација на Фондација Отворено општество

November 22, 2024 18:14
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Минатата недела во Белград, во организација на Фондација Отворено општество беше отворена изложбата  „Украина, Љубов и Војна“  каде беа изложени 50 фотографии направени во периодот од 2014 до 2024 година.

Изложбата во Белград, која е инспирирана од истоимената книга издадена од организацијата Фото Евиденција која претставува сведоштво за разорувачкото влијание на руската агресија врз украинското општество, забележано преку објективот на 95 меѓународни фоторепортери/ки, доаѓа како продолжение на изложбата организарана во јуни во Скопје од страна на Фондациите Отворено општество – Западен Балкан  под наслов „Украина: Воено злосторство“ во земјите од Западен Балкан.

Освен во јуни Скопје и сега во Белград, досега биле организирани изложби и во Тирана и Приштина.

Изложбата во Скопје, за која пишуваше ЦивилМедиа, беше изведена од истоимената книга објавена од „FotoEvidence“, која вклучува повеќе од 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија врз Украина, и се направени од  неколку фоторепортери кои ги ставија животите во опасност за да ни ги пренесат ужасите на војната и злосторствата врз цивилите кои ги прават руските окупатори во Украина.

Во пресрет на изложбата, ЦивилМедиа разговараше со фоторепортерот Кристофер Окиконе кој како еден од храбрите фоторепортери кои ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасните вистини на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот, фотографирајќи станал сведок на руски воени злосторства во Украина.

Кураторка на изложбата во Белград, како и во Скопје е Светлана Бацеванова, која е и извршна директорка на ФотоЕвиденција, која вели дека фотографиите на белградската изложба, како љубовни приказни од книгата „Ukraine: Love+war“ претставуваат светли точки во најмрачните времиња.

На изложбата во Белград, како што пренесува Трн.мк, присуствуваа и фотографката Гаел Гирберс и новинарот и фотографот Евгени Малолетка, кои зборуваа за тоа колку е тешко да се биде репортер на бојното поле, и дека покрај војната на фронтот, украинското општество води и „информативна војна“ со цел да добие разбирање од целиот свет.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ