• Latest

По средбите во Виена, Димитров можеби ќе ја посети Атина

March 24, 2018

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По средбите во Виена, Димитров можеби ќе ја посети Атина

March 24, 2018 11:27
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчките телевизии „Скај“ и „Антена“ објавија дека шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во разговор со грчките новинари рекол оти по средбите во Виена можеби ќе ја посети Атина и изразил желба дека сака да се запознае со Панос Каменос. 

Како што јави дописникот на МИА од Атина, новинарите, кои заедно со грчката делегација пристигнаа во Скопје, коментираат дека посетата на Коѕијас поминала во добра и пријателска клима и оти постои хемија меѓу двајцата министри и волја за решение, но дека разликите остануваат непроменети, а се однесуваат на Уставот и формулацијата на името.

„Двајцата министри од четвртокот вечерта поминаа шест часа заедно, отворајќи ги сите прашања. За сега се чини дека не се направија многу чекори напред, напротив, излезе нов проблем, како што сфативме од господинот Димитров, а тоа е името. Сака да биде со 2 збора и да биде преведено на англиски јазик. Второто големо прашање е Уставот. Не само промена на иредентистичките точки, туку и во однос на опсегот на употреба на името. Скопјаните сакаат двојна формула за името“, објави грчката телевизија „Стар“.

Новинарот на телевизијата „Скај“ во неговиот извештај од Скопје оцени дека и покрај позитивната клима на средбата на двајцата министри, сепак на прес-конференцијата се покажале несогласувањата на двете страни.

– Господинот Димитров објасни дека е негативен во однос на варијантата име без превод како на пример Горна Македонија, додека пак господинот Коѕијас од негова страна објасни дека за Грција, промената на Уставот е предуслов за било кое решение, рече новинарот од телевизија „Скај“.

Весникот „Та неа“ коментира дека ако некој сака да извлече заклучок од историската посета на Коѕијас во Скопје, „би рекол дека двете страни се доста далеку за да постигнат договор“.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот под наслов „Коѕијас: Направивме чекори напред“, пишува дека и од двете страни има волја за решение „што ќе ги отвори вратите на иднината“.

На волјата за решение, акцентот го става и новинарката од грчкото издание на „Euronews“.

„Повеќе оптимист од тоа што беше кога отиде во Скопје, ја заврши дводневната посета на ПЈРМ, министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. На средбите што ги имаше со политичкото раководство на земјата, ниту една од страните не криеше дека сѐ уште постојат точки во кои нема поклопувања, но сепак се покажа дека и двете страни имаат волја да се најде решение“, објави Euronews, пренесе МИА.

Грчките медиуми, во извештаите од Скопје ги пренесоа изјавите на двајцата шефови на дипломатиите, но коментираат дека дали и колку двете страни може да стигнат до договор и решение на проблемот, веројатно ќе се знае по средбата во Виена следниот петок.

Euronews на грчки јазик, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека се очекува Нимиц да претстави правен текст на ОН, во кој двете страни ќе ги додадат и ќе ги одбележат точките во кои има поклопување.


извор: МИА

Tags: грчки медиумиДимитров
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ