• Latest

Почина академик Милан Ѓурчинов

July 25, 2018

Зеленски потпиша декрет за повлекување на Украина од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

June 29, 2025

Масовен руски напад врз Украина, Сибиха бара нови санкции на ЕУ и САД

June 29, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Убиени најмалку 56 луѓе во израелските напади врз Појасот Газа

June 29, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

June 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

June 29, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почина академик Милан Ѓурчинов

July 25, 2018 12:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.

Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал на универзитетите во Љубљана,  „Ломоносов“ во Москва и „Сорбона“ во Париз.

Академик Ѓурчинов бил професор на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, шеф на Катедрата за славистика, а во 1980 година ја основал Катедрата за општа и компаративна книжевност и бил нејзин раководител.

Активно учествувал на меѓународни и на домашни конгреси, симпозиуми и други собири, како и на семинарите за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Членувал во повеќе општествени и културни асоцијации и редакциски одбори. Бил член на Редакцијата на списанието „Разгледи“ и претседател на Советот на „Струшки вечери на поезијата“. Тој спаѓа во репрезентативната група македонски интелектуалци, значајни за културната афирмација на Македонија.

Академик Ѓурчинов е критичар, антологичар, теоретичар на литературата и славист, а неговата активност во областа на книжевната историја се однесува, пред сè, на руската книжевност, особено студиите за Чехов, Достоевски и Пастернак. Многу други осврти и есеи за руски писатели сведочат за неговиот постојан интерес за руската литература во минатото и денес и за нејзиното вклучување во македонскиот културен хоризонт.

Академик Милан Ѓурчинов е најсуптилен македонски литературен критичар, кој со својата широка образованост и култивираност, со своите плуралистички погледи кон творечките појави и со критериум од највисок домен внесе нов дух во толкувањето на литературното творештво во нашата средина, приближувајќи ја критичката дејност кон европските стандарди.

Бил член на повеќе меѓународни тела и асоцијации: на Президиумот на Меѓународниот славистички комитет, чиј претседател бил од 2003 до 2008 година, на Извршниот совет на Европското друштво за култура (Венеција) и др. Од 2002 година бил член на Медитеранската академија во Неапол, Италија. Акад. Ѓурчинов е член на Македонскиот ПЕН-центар и на Друштвото на писателите на Македонија од 1956 година, а во еден мандат бил и негов претседател.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988, а за редовен член е избран на 21 април 1994 година.

Погребот на академик Милан Ѓурчинов ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје на ­­26 јули (четврток) во 11,30 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во Капелата од 10,30 до 11,30 часот.

По повод смртта на акад. Милан Ѓурчинов, Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка Комеморативна седница на 27 јули (петок), во 11 часот. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ