Борка Павичевиќ е родена во 1947 година во Котор, Црна Гора.
Десет години од својот живот помина драматуршкото одделение на Ателје 212 и 20 години во БИТЕФ (Белградски интернационален театарски фестивал). Беше драматург во театрите во Зеница, Сплит, Скопје, Љубљана, Суботица и Белград.
Таа беше и директорка на Белградскиот драмски театар, а сменета е во 1993 година поради своето политичко и јавно дејствување. Беше учесничка на граѓанскиот отпор и членка на Белградскиот круг – здружение на слободни интелектуалци, од самото негово основање.
Од 1991 година учествуваше во многубројни антивоени акции во Белград и други југословенски градови во соработка со југословенските организации кои се залагаат за демократизација и развој на граѓанското општество во Србија и регионот.
Добитничка е на многубројни награди како наградата на Фондацијата Хирошима, за мир и култура (2004 година). Носителка е на францускиот Орден на честа од 2002 година.
Смртта на активистката Павичевиќ е огромна загуба не само за Белград и нејзиниот Центар за културна деконтаминација, туку е загуба за целиот регион.
Датумот и времето на комеморацијата во ЦЗКД ќе бидат дополнително објавени.